Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Љупка Џундева лауреат на јубилејниот „Астерфест“

Вторник, 21 Јануари 2014

Љупка Џундева, една од големите легенди на македонското театарско и филмско глумиште, е првиот лауреат на 10-то издание на Интернационалниот филски фестивал „Астерфест“, кој во организација на Тивериополската филмска алијанса, овојпат под мотото „Ново и старо“, ќе се одржи од 27 до 31 мај годинава  

Актерката Љупка Џундева, една од ѕвездите на првиот македонски филм „Фросина“ и на култната филмска комедија „Мирно лето“, е првиот лауреат на јубилејниот 10-ти Интернационален филмски фестивал „Астерфест“. Таа е овогодинешниот добитник на почесното признание на манифестацијата и Тивериополската филмска алијанса за посебен придонес во филмската и театарската уметност.

Родена 1934 година во Скопје, Џундева во текот на својата долга и плодна кариера која трае се до денес ( се пензионира 1990 година) толкувала впечатливи улоги во низа македонски долгометражни и кусометражни играни филмови ( „Македонска крвава свадба“, „Не гледајте во ангелите“...), како и во телевизиски серии и драми. За своето уметничко творештво добитничка е на наградите за животно дело „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „13 Ноември“, ордени на трудот со златен и сребрен венец и многу други признанија.

- „Имам доста сработено. Не можам многу да се пожалам, но во секој случај мислам дека ние многу малку снимавме. Мажите имаат поголеми можности, повеќе среќа, од нас актерките. Јас се надевам дека сега со овој нов бран на подем за снимање повеќе филмови, и
долгометражни и кратки, моите колешки ќе бидат повеќе зафатени и дека снимените филмови ќе имаат поголем квалитет отколку досегашниве. Мислам тоа како оди напред така би требало да биде“, ќе рече актерката видно возбудена од сознанието дека станала првиот лауреат на јубилејното 10-то издание на „Астерфест“.

Во чест на Љупка Џундева, во петок, на 24 јануари, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде прикажан филмот „Мирно лето“ на Димитрие Османли, а портретот вообичаено ќе биде за време на одржувањето на манифестацијата која од 2005 година наваму континуирано промовира селектирани компетиции во категориите на краткиот игран, креативниот документарен и анимираниот филм.

Од друга страна, јубилејната програма на фестивалот ќе се одвива под мотото „Ново и старо“, а Горан Тренчовски, првиот човек на Тивериополската филмска алијанса, вели дека на тој начин тие како организатори сакале „да ја преминат рампата“.

„Нам целта ни беше на некој начин да ја преминеме рампата. Она што сме го создавале во последните десет години да ни овозможи годинава да биде пресвртница и веќе од следната да тежнееме кон нови хоризонти и нови перспективи“, вели Тренчовски.

Инаку, во текот на престојниот период, во знак на децинијскиот јубилеј, организаторите планираат да бидат одржани повеќе активности во Струмица, но и во останатите градови во земјава и во странство. Од програмските активности посебно за издвојување се филмските вечери со авторите Бранко Ставрев и Желимир Гвардиол, премиерата на краткиот филм на Ице Виранов, промоција на едицијата „Словенски Орфеј“, издавање на монографска публикација за „Астерфест“, ретроспектива на наградувани и тематски филмски циклуси, креативно-едукативни работилници, портрети, изложби и друго.
Решението на дизајнот на фестивалот овојпат е на Розита Волкович, струмичанка која живее и работи во САД, а манифестацијата се одржува под покровителство на Министерството за култура, Општина Струмица и Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Годинешното јубилејно издание на „Астерфест“ ќе го помогнат и неколку амбасади и други институции, а негов традиционален партнер е Кинотеката на Македонија.

- „Навистина ми е драго што и оваа година како Кинотека на Македонија ќе имаме можност да бидеме дел од програмата на „Астерфест“. Тоа се нашите заложби од изминативе години – да бидеме присутни на фестивалитекои што се одржуваат во нашата држава. Присутни со оној дел кој што е нашата основна дејност, односно со делот кој што се однесува на презентацијата на делот што го нарекуваме филмско наследство“, забележува Мими Ѓорговска Илиевска, директорка на оваа културна установа.

 

 

 

Last modified on Четврток, 30 Јануари 2014 - 03:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.