Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Македонскиот славеј Ана Дурловски ќе настапи во “Mетрополитен“ арената

Четврток, 30 Јануари 2014

Сопранот Дурловски ќе биде првата певица од Македонија која ќе настапи на престижната оперска сцена во Њујорк како Кралица на ноќта во Моцартовата “Волшебна флејта“  

 

На сцената на најголемата оперска куќа во светот - „Метрополитен“ во Њујорк, во октомври годинава ќе настапи и нашата Ана Дурловски. “Македонскиот славеј“, сопранот Дурловски, ќе биде првата певица од Македонија која ќе стапне на оперските штици што значат живот, каде досега настапиле славните Рене Флеминг, Ана Нетребко, Пласидо Доминго, Сузана Филипс, Дмитри Хворостовски и уште многу други врвни оперски гласови. Пред Њујорк,
Македонскиот сопран ќе настапи во Јужна Африка и во Мадрид

На сцената која е потврда дека еден уметник е на вистинскиот пат, како што и самата изјави, во амбиент кој е сон за сите оперски солисти, диригенти, инструменталисти, Ана Дурловски ќе настапи во улогата на Кралицата на ноќта во операта „Волшебната флејта“ од Моцарт, улога која веќе ја претстави на други културни, оперски сцени, а со која дебатираше во Државната опера во Виена.

По многубројните ангажмани во европските оперски куќи, оценети од критиката и публиката како врвни, Дурловски ја добила поканата да гостува и во најголемата оперска куќа, по две аудиции, од кои едната се одржала во Виена. Голем предизвик, како што и самата ќе каже, да пее пред кремот на њујоршкото друштво, пред публика и критика со високи изострени критериуми, пред културна фела со зад себе долга традиција во градењето на уметничките вредности. Многумина се едногласни - да се пее во „Метрополитен опера“ во Њујорк е како да се добие филмскиот „Оскар“.

Ана Дурловски за себе вели дека се' што и се случувало во кариерата не било со намера, туку се' се одвивало сосема спонтано. Па, така и „Метрополитен“, за што вели дека е врвот. Засега, вели не чувствува страв што ќе пее на најголемата сцена, можеби затоа што, аудицијата која ја поминала се одвивала навечер, па и тогаш почувствувала како е да се пее во „Метрополитен“.

Пробите на операта од Моцарт ќе стартуваат веројатно некаде од септември, иако на веб-страницата на „Метрополитен“ се' уште не се најавени деталите околу тоа каква ќе биде продукцијата на „Волшебната флејта“.

Инаку, Ана Дурловски лани ја доби престижната награда „Фауст“ за улогата на Амина во операта „Месечарка“, во продукција на Операта во Штутгарт каде што и живее. Наградата се доделува за најдобро европско остварување во земјите од германско јазично подрачје. Минатата година доби и две македонски награди - „Виртуози“ во категоријата „музичко-сценски уметник“ за 2012 година, како и државната награда „23 Октомври“.

До настапот во „Метрополитен“, Дурловски ќе има и неколку други гостувања, вклучувајќи го и настапот во март во Јужна Африка заедно со најголемиот баритон на денешницата, Италијанецот Лео Нучи, како и настапот во Кралската опера во Мадрид во мај, во операта „Хофманови приказни“, толкувајќи ја улогата на Олимпија.

 

Last modified on Сабота, 01 Февруари 2014 - 03:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.