Коста Солев Рацин - 75 години со неговата поезија

Среда, 13 Јуни 2018

Денес се навршуваат 75 години од смртта на поетот, револуционер  и филозоф Коста Солев Рацин

 

Денес се навршуваат 75 години од смртта на поетот, револуционер  и филозоф Коста Солев Рацин. 

Литератот за кој Блаже Конески ќе рече: „Во Рацин имаме најиздигнат македонски народен интелектуалец од неговото време, најкултурен наш човек. Тоа што го рекол и како го кажал Рацин за богомилите не можеше да го постигне тогаш ниеден друг македонски интелектуалец. Чест му чини на Рацин дека тој од обичен работник – грнчар со упорно самообразование се издигна така високо.“

Коста Солев Рацин (1908 – 1943) роден во Велес, во работничко семејство, грнчар, чија непресушна амбиција ќе го направи еден од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто. Најпознат е по својата збирка песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература, но Рацин беше многу повеќе од само наш најдобар поет помеѓу двете светски војни – неговата активност како истакнат работнички и комунистички деец обично се потиснува во втор план, но сликата на Рацин без овој елемент не соодветствува на реалноста.

Грнчар, уредник на месечниот весник „Искра“, член на КПЈ и СКОЈ, партизан во одредот „Кораб“, дописник на весникот „Организовани радник“, орган на Независните работнички синдикати на Југославија, тоа е само дел од тоа што бил Кочо Рацин.

Песната „До еден работник”, прва на македонски јазик, ја објавува во загрепското списание „Књижевник” во 1936 година, по излегувањето од затвор, а во 1939 година во Самобор близу Загреб ја печати стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија. 

Во пролетта 1943 година Рацин заминува во партизани, во одредот „Кораб“. Станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат“ и подготвува две збирки на македонски народни песни. Но, не го дочекува ослободувањето. Набрзо, вечерта на 13 јуни 1943, додека се враќал кон партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, Рацин бил смртоносно застрелан од стражарот што го чуваше пристапот кон печатницата. Во оптек се две верзии околу неговата смрт. Според првата, се работи за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен.

Рацин беше човек полн со оптимизам, дури и во тие опскурни 30-ти години на 20-от век, кога и во Југославија и во светот како целина левицата преживуваше тешки денови. Неговите партиски другари добро го паметат неговото „ќе победиме“, со кое ги поздравуваше и храбреше во многу прилики. Дури и неговите последни зборови кога беше застрелан на Лопушник беа: „Кажете и’ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме.“

 

Неговото творештво не смее да се заборави. Во 1926 станува дописник на весникот „Организовани радник“, орган на Независните работнички синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ. Своите први песни ги пишува во 1928 година.

Младешка љубов која ја чувствувал кон Рахилка Фирфова која го инспирира да ги напише своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис.

Писмата на Коста Солев Рацин до Рахилка Фирфова:

Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. Антологија на болката… и мое портре ако побараш… капка крв од моето тело и душа- ја имаш веќе…Моето идно име- ме врзува засекогаш со тебе… прости ми или преколнувај- сеедно. А јас се љубам, се проштевам и се заборавам. Едно жалам : Што не ја чув смислата преку звукот на твоите зорови… или барем нивната трага со мастило…“
„Колку ли лудо ве сакам во болката! Па ако поминете утре со наведната глава немо покрај мене, божествена жено, знајте само: посилно одшто змијата кога сипе отров и со Болка, подлабока од мојот гроб-ве поздравува срцето што страда по вас…“

 

„ Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце – порта највисока,
срце – куќа најширока.“

Коста Солев Рацин -
Во нашите спомени и срца со неговата поезија!

Last modified on Среда, 13 Јуни 2018 - 18:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.