Топ Новости
Приведени илегалци кај Моин - Сабота, 10 Октомври 2020 12:44

Јубилеен 10 алтернативен фестивал БОШ

Петок, 24 Август 2018

Тродневна фестивалска програма од 24 до 26 август на годинашниот јубилеен БОШ 10 насловен ЛЕТУВАЛИШТЕ

 

Јубилејното издание на годинашното фестивалско издание на БОШ 2018 нуди 3 дена исполнети со концерти, изложби, инсталации, работилници, перформанси и филмови, кои ќе се случуваа во фоајето и горната сала на Народниот театар, како и пред самиот објект.
Фестивалот стартуваеше денес попладне во 16 часот со Работилница за перформативно цртање „Ако умрам ил загинам“ во која ќе учествуваат колективите на „Арт Брут“ од Србија и „Мултимедиа центар“ од Гевгелија. Вечерва следува со отворање на групната изложба на уметници од Македонија и регионот насловена како „Фотокопирница на љубовта“ според стиховите на Бошко Бозаџиевски, во чија чест се одржува БОШ фестивалот.
Во 19.30 часот ќе биде презентирана инсталацијата на Игор Тошевски „Реколекции“, а во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Сито и бесно“ на Колектив Матријаршија (Србија).
Во исто време ќе започне и повеќејазичниот мултимедијален книжевен настан со гостување на интернационалниот фестивал за современа уметност СловоКулт::литерАРТура:: Првиот ден од БОШ 10 завршува со концерт на Ana Threat (Австрија), D’ Daltons (Македонија), Dj Jahvo (Хрватска) во 21.30 часот пред Народниот театар.

На 25 август во 17 часот продолжува перформативното цртање „Ако умрам ил загинам 2“. Во 19 часот во Пионерскиот дом ќе биде отворена изложба на слики од берлински уметници во рамките на фестивалот СловоКулт::литерАРТура::, а во 19.30 часот во Галеријата „Амам“ ќе биде отворена изложбата „Абракадабра“ на шведската уметничка Ана Ехртемарк. Во 20.30 часот во Народниот театар започнува проекција на филмови од македонски автори: „Ќе дојдат децата“ од Ана Јакимска, „Долорес“ од Радован Петровиќ, „Долу од рајот“ од Саша Станишиќ и „Амби“ од Марија Апчевска. Во 21.30 часот започнува концертот на Iva&the toy Geogre (Србија), Straight Jackin (Србија), кои годинава слават 25 години од формирање на бендот, и DJ Denny Trajkov.

На 26 август во 18 часот ќе биде одржана детска кративна работилница „Шљап“ на Колектив Ветерница, во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Ако умрам ил загинам“, а во 20.30 часот ќе биде прикажан филмот на Вар „Винил фетиш“ од Мирко Попов. Во паузите од програмата публиката ќе може да се разладува на реката Сифулајка, и да ги полните батерии на BOSH Rechargeble.

БОШ Фестивал, за прв пат, се одржа од 11-13.09.2009 год., во чест и почит кон прерано починатиот книжевник и актер Бошко Бозаџиевски. Од тогаш наваму на БОШ имало околу 90 музички настапи, 70 изложби (групни и самостојни), 40 проекции на филмови, 20 работилници, 8 перформанси, 6 инсалации, 6 театарски престстави и друг настани.

Last modified on Петок, 24 Август 2018 - 19:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.