Денот на општината 7 Ноември со богата културна програма

Среда, 31 Октомври 2018

Одбележувањето на општинскиот празник 7-ми Ноември и 74 годишнината од ослободувањето на Гевгелија годинава ќе биде во знакот на петдневна културно-уметничка програма

 

 

Одбележувањето на општинскиот празник 7-ми Ноември и 74 годишнината од ослободувањето на Гевгелија годинава ќе биде во знакот на петдневна културно-уметничка програма на која ќе земат учество домашни и локални изведувачи.

Чествувањата на општинскиот празник започнуваат од петок, 2 ноември со традиционалната манифестација „Фолклорен ѓердан“, а ќе заврши со свечена академија во Народниот театар во Гевгелија на Денот на ослободувањето на Гевгелија 7ми Ноември. За одбележување е што на општинскиот празник се враќа традицијата на Свечените академии кои близу две децении уназад останаа заборавени.

Денот на општината е ден на граѓаните на Гевгелија и населените места и токму затоа голем дел од општинските културни творци и дејци ќе најдат простор во годинашнава културна програма по повод одбележувањата на општинскиот празник.
Место на сите културни случувања е Народниот театар во Гевгелија, а седуваат: во сабота, на 3 ноември Свечен концерт по повод 40 годишниот јубилеј на ООМУ „Васо Карајанов“ во изведба на нивните долгогодишни сегашни и поранешни ученици. На 5 ноември 2018 година, во понеделник, во фоајето на Народниот театар ќе биде отворена традиционалната изложба на ДЛУГ, а веднаш потоа во големата сала на најрепрезентативниот уметнички простор во градот ќе се одржи традиционалната поетско-музичка манифестација „Пееме за Гевгелија“, што ја организира Домот на културата.

Во пресрет на празникот, на 6 ноември, во вторник, гевгеличан ќе може да проследат Балетска вечер со ансамблот на ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, од Скопје.

Славеничкиот ден има своја посебна организациска тежина на одбележувања. 7 ноември - Денот на Општина Гевгелија опфаќа четири настани, се започнува со оддавање почит на ослободителите кои ги втемелиле своите животи во слободата која сега ја уживаат нвните генерации следбеници и сограѓани. Со претставници од Боречката организација и локални претставници на локалната власт општествениот и стопанскиот живот во Гевгелија ќе биде положено свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци за слобода во центарот на градот. Одбележувањето продолжува со свечено предавање во употреба на новиот Водоснабдителен систем во Гевгелија, бунарскиот систем кај Вардар во месноста Мрзенци. По ваквиот успешен капитален новитет гевгеличани ќе слават со Свечена академија што ќе се одржи во Народниот театар.

Крајот на празничните одбележувања е резериран за вечерната театарската претстава „Вдовицата се мажи“ во изведба на НУЦК Театар „Ј.Х.К.Џинот“ од Велес.

Низа од петдневни претпразнични и празнични одбележувања, девет настани и еден капитален објект ставен во функција на граѓаните на општината во чест на Општинскиот празник, 7 Ноември.
Да ни' е честит и вековит!

Last modified on Среда, 31 Октомври 2018 - 18:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.