Почина скулпторката Гордана Хаџи-Николова Малашев

Среда, 01 Мај 2019

Гевгелиската скулпторка Гордана Хаџи-Николова Малашев почина вчера на 43 години во родниот град Гевгелија, соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Таа е годинашната добитничка на наградата за современа скулптура „Академик Боро Митриќески“, за делото „Сѐ уште жив“ на изложбата насловена „Современа скулптура“, која во април годинава беше отворена во галеријата на МКЦ.

Делата на Гордана Хаџи-Николова Малашев скриени длабоко некаде во нејзината потсвест излегуваат од ударот на нејзиното длето во својата најчиста и најискрена форма со едноставни, мирни и чисти површини. Од подножјето на парчето дрво, обработено со длето, се ослободува фигурата која со својата совршена површина остава впечаток како да се лизнало од грубата материја и се престорило во смисла на зборот во ’раѓање на формата’“, велат од ДЛУМ.

Хаџи-Николова Малашев е дипломец на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) во 2000, отсек вајарство во класата на професорот Драган Попоски-Дада, а во неговата класа и магистрира во 2003. Работела како виш конзерватор во Музејот во Гевгелија. Била член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ од 2000 на ДЛУГ – Друштво на ликовни уметници на Гевгелија од 2004 и на ДЛУБ – Друштво на ликовни уметници на Битола од 2009.

Својата прва изложба „Моите ликови“ ја поставила во 2001 година во Младинскиот културен центар (МКЦ), по што следат повеќе изложби во Штип, Струмица, Прилеп.

 

 

Last modified on Среда, 01 Мај 2019 - 19:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.