Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Бесплатен концерт на „Македонија“ за Спасовден

Среда, 05 Јуни 2019

Ансамблот „Македонија“ што работи во состав на Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, вечерва гостува со целовечерен концерт во Гевгелија. Поводот е чествувањето на патронот на градот Гевгелија, Свети Спас.
Концертниот настап ќе виде изведен на 5 јуни (среда) со почеток во 20:00 часот, пред градска библиотека "Гоце Делчев". Во случај на лоши временски услови, организаторите имаат резервна солуција, така што концертот ќе се одржи на сцената на Народниот театар во Гевгелија.
Сите посетители се добредојдени, а концертот бесплатен, зошто Спасовден е за сите.
Организатор е Домот на култура Гевгелија, а покровител Општина Гевгелија.

За концертното уживање која ја очекува публиката зборува нивното портфолио: Ансамблот МАКЕДОНИЈА е основан 2012 година со цел да биде репрезент на македонската традиционална култура, игри, песни и носии, како посебен оддел во состав на Универзитетот „Гоце Длечев“ од Штип, како професионален отсек за народна култура и традиција. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар - професионалци, со кого раководат стручни лица од областа на традиционалната игра, инструменти и пеење. Младите уметници достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура, со еден збор - генетски код на еден народ.

Уметнички менаџер М-р Владимир Јаневски, а музички менаџер М-р Тимко Чичаковски.


Last modified on Среда, 05 Јуни 2019 - 19:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.