Топ Новости

Гевгелискиот ансамбл „Бојмија“ во Тумбарк, Полска

Четврток, 06 Јуни 2019

Детската и младинската група на гевгелискиот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија викендов оствари меѓународно гостување во градот Тумбарк, во Полска.

Гостувањето беше по повод одбележувањето на 20-годишнината од здружението „Прзистан“ („Przystań“) кое потекнува од овој полски град. Настапот на гостите од Македонија беше проследен од тамошната публика, но и медиумски одбележан од тамошните локални и национални медиуми. Така, до нас пристигна и објавата на порталот Limanova.in од Полска кој го оцени настапот на гевгелиските изведувачи како одлична танцова претстава.

- „Енергичните јужни ритми зрачеа со ритмика и движења на кои бројната публика веднаш се приклучи со аплауз кон ритмичките мелодии. Настапот на танчерите и танчерки беше споделено со публиката која освен со играта и ритмиката беше привлечена и од прекрасни костуми богато украсени со везови и шарени материјали“, пишува полскиот портал Limanova.in.

- „Топлата ритмичка игра на гостите од југот на Европа ние го третираме не само како покана, туку и еден вид загревање, особено по неделни дождови. Можеби овие ритми ќе го подобрат времето и ќе го остават сонцето да остане подолго“ - коментираа дел од учесниците на фестивалот во полскиот град Тумбарк.

Освен со играта гевгелиска „Бојмија“ беше претставена и со своите активности. Формирани се во 2004 година во Гевгелија. Во моментот имаат 120 уметници на возраст од 10 до 25 години. Основната задача на групата "Бојмија" е регионално образование преку танц, музика и пеење. Оваа формација е една од најголемите уметнички форми во Македонија, нејзините членови успешно се настапуваат како дома, така и во земји од регионот, како: Италија, Белгија, Франција, Турција, Србија и Хрватска. Програмата на групата ги вклучува најпопуларните песни и игри од јужниот дел на Вардар. Таа е една од најбогатите во традициите и обичаите од регионите на Македонија.
Годинава „Бојмија“ полни 15 години од своето постоење, па сите гостувања и одбечежувања се потврда на јубилејните остварувања до сега.


 

Last modified on Четврток, 06 Јуни 2019 - 04:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.