Чествување на Спасовден со „Распеана чаршија“

Четврток, 06 Јуни 2019

Гевгелија денеска го слави својот патрон Спасовден. Според општинската програма за одбележување на Спасовден, вечерва во 20 часпт на централниот градски плоштад започнува манифестацијата „Распеана чаршија“.

Спасовден е празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духовден и секогаш е во четврток. Ова е инаку превземено од долгогодишната традиција на гевгеличани, Свети Спас да го именуваат за свој градски панаѓур. Гевгелија од дамнина го има денот Спасовден за свој патрон како што секое село од гевгелиско си има свој светец кој го слават и одбележуваат како селски панаѓур.

На Спасовден се сеќаваат постарите гевгеличани дека луѓето преспивале во црквата Свети Спас во Гевгелија, за здравје, за утешение, за живот, за рожба. Секој си носел постилка, чергиче, ја простирал на подот и овде на две-на три се преспивало на подот од црквата. Приврзаници на ваквото верско поклонение на спасителот знаеле да бидат и побројни, па се одседнувало во тремот и дворот на црквата. Токму заради овие преноќувања за спас на верниците и барателите на помош од невидлива божја сила изградени се и конаци во состав на Црквата Свети Спас во Гевгелија.

За многу години Спасовден гевгеличани!

 

Last modified on Четврток, 06 Јуни 2019 - 18:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

Тајфун ја опустоши Јапонија - 40 настрадани, 20 реки се излеале за само 2 дена

Бројот на настрадани од тајфунот Хагиби во Јапонија нарасна на 40, додека

Повеќе

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.