Годишна изложба на дела од ликовната работилница за деца

Вторник, 18 Јуни 2019

Десетдневната летна ликовна работилница за деца која се изведуваше деновиве во просториите на Пионерскиот дом во Гевгелија утре финишира со групна годишна изложба на создадените дела од најмладите учесници на работилницата.

Работните сесии започнаа од 11 јуни и траеја се' до денеска секој работен ден од 10 до 12 часот, под професионалното око на уметникот Мирјана Масети.
Ги затекнавме денеска 20-та учесници на работилницата внесени во своите работни задачи, пред цртежите на кои работеа. Не беше важно колку е голем штафелајот, колку е мал листот за цртање, колку голема панделка имаат во косите, важна беше нивата посветеност во работата - наместо вообичаеното време за крајот на работилницата до 12 часот малите уметници денеска и после 12:30 ги доработуваа своите ликовни креации: сонцето, природата, цвеќињата, мрачната вселена... И, сите беа сериозно решени токму нивното дело утре да се најде на заедничката годишна изложба на локовната работилница за деца при Пионерскиот дом.

Ликовната работилница при Пионерскиот дом Гевгелија активно работи од декември 2015 година. Во текот на нејзиното работење забележуваме континуитет во работата што резултира со финални изложби на крајот од годишните квартали.

- „На оваа изложба се застапени детски цртежи од различни возрасти создадени во различни сликарски техники, се' со акцент на базично запознавање и совладување на ликовните елементи и принципи. Застапен е акварелот, температа, колажот, гвашот и неколку експериментални техники имајќи ја во предвид возраста на учесниците во изложбата“ вели менторот на работилницата уметникот Мирјана Крстева Масети.

Утре, четврток 19 јуни од 19 часот просторот на Пионерскиот дом е отворен за посетителите на годишната изложба на ликовните дела настанати од учесниците на ликовната работилница. Изложените трудови од детските раце таму ќе останат до крајот на месецот. Не заборавајте да ја посетите изложбата и да ги охрабрите овие настроени млади уметници.


Last modified on Вторник, 18 Јуни 2019 - 14:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.