Топ Новости

Илузија во урнатини

Вторник, 15 Октомври 2019

Фотографката Xiao Yang деновиве направи едно интересно урбано истражување во нашата земја и тоа го прикажа на своите фотографии кои ги постираше на ВЕБ страната каде ги споделува своите искуства како глобален патник и уметнички фотограф.
Меѓу неколкуте архитектонски и уметнички урбани перцепции кои и' го привлекле вниманието патувајќи низ Македонија е и Споменикот „Цветот на слободата“ поставен на Мрзенски рид во Гевгелија. „Илузија на урнатини“ е насловена галеријата на фотографии каде се прикажани уметнички и архитектонски раритети на нашите простори кои се оставени на забот на времето - му оддолеваат, ама изгледаат запуштено и руиниранo.

Цветот наспроти светлоста на предавателите, Македониумот со скршени прозори, Централната пошта во Скопје и Универзитетската зграда „Св, Кирил и Методиј“ во Скопје со своето сивило, мувлосаниот мермер на спомениците низ земјава.

Xiao Yang е самоук фотограф од Пекинг, Кина.
Студирала и работела како дизајнер во неколку меѓународни компании како „Мајкрософт“, „Моторола“ и „Алибаба“ долги години. Бидејќи е голем љубител на патувања, таа сега работи за кинеската туристичка компанија QYER.COM, која е една од најголемите веб-страници за патувања во заедницата во Кина, која главно се фокусира на обезбедување на прекуокеанска патна услуга за независни патници.
Патувањето во странство и фотографирањето зазема многу важна улога во нејзиниот живот, досега посетила повеќе од 20 земји во светот. Фотографијата можеби не е нејзина работа со полно работно време, но повеќе личи на нејзината опсесија.
Таа сега е договорна фотографка за GettyImages и нејзините фотографии се објавени и прикажани на многу списанија, весници и книги, како што се: „Photographic Travel Magazine“, „N-Photo“, „Travelers“, „Beijing Review“ итн.

Благодариме за вниманието Xiao Yang. Можеби после твојата галерија насловена како „Illusion in Ruins“ и посебната посвета на „Monument to Freedom or "The Flower of Freedom", Gevgelija, Macedonia“ ќе ги натера надлежните конечно да се завземат за заштита, санација и реставрација на овој Спомен-паметник „Цветот на слободата“ во Гевгелија, додека не му отпаднале контурите и костурот од неговата метална структурна визура.

Last modified on Вторник, 15 Октомври 2019 - 02:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

Пензионерите од Гевгелија ги отворија своите работни простории

Здружението на пензионери од Гевгелија кое брои 4.198 свои членови со почетокот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.