Топ Новости

Гевгеличанецот Стефан Марковски со нова интернационална награда

Недела, 27 Октомври 2019

Гевгелискиот писател, поет, сценарист Стефан Марковски стана носител на уште една меѓународна награда - станува збор за интернационалната награда за новинари книжевници „Горан Бујиќ“ што ја доделува Хрватското книжевно друштво. Заедно со него од Македонија, добитник на оваа награда е и книжевната критичарка, есеистка и професорка на УГД, Ана Витанова Рингачева. Тие ги уредуваат списанијата за литература „Зенит“ и „Современост“.

Наградата е востановена по иницијатива од книжевната критичарка и професорка Жаклина Кутија заедно со претседателот на Хрватското книжевно друштво од задарскиот разгранок, Никола Шимиќ-Тонин.

Годинава за наградите одлучуваше 12-члено меѓународно жири, а наградите ќе се доделат на свеченоста која секоја година се одржува на 28 ноември, роденденот на Горан Бујиќ.

Горан Бујиќ беше хрватски поет, критичар, есеист и новинар. Дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб, каде што подоцна и магистрирал. Од првиот ден е соработник во весникот „Задарски лист“, каде што е уредник на културната рубрика и на прилогот „Донат“. Неговите критики се објавувани во сите значајни хрватски списанија и весници. Починал во 2011 година.

Покрај двете награди за најуспешните новинари книжевници кои им припаднаа на македонските автори и гевгеличанецот Марковски, организаторот додели уште три награди: За животно дело која м припадна на публицистот, предавач и уредник на неделникот и дневен весник „Задарски лист“, награда „Донар“ за придонес во културата ја доби „Задарски лист“ за својата 25 годишна дејност и книжевната награда „Донат“ за двајца хрватски автори: поетот, професор, музичар и афорист Данко Ившиновиќ и Пејо Симиќ, книжевник.

 

Last modified on Недела, 27 Октомври 2019 - 11:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.