Топ Новости

Концерт на Градски камерен оркестар од Велес

Недела, 03 Ноември 2019

Празничната програма за одбележување на Денот на општина Гевгелија продолжува од утре со нови културни настани, организирани од општинските установи.
Јавна покана до сите заинтерсирани за одбележувањата на Општинскиот празник по повод 7-ми ноември упати и музичкото училиште „Васо Карајанов“ кој е организатор на целовечерен концерт на класична музика со гостување на камерниот оркестар од Велес заедно со солисти изведувачи.

За настанот влезот е слободен, а ќе се одржи на 5 ноември во 20:00 часот во Народниот театар во Гевгелија.

Посетителите ќе имат прилика да уживаат во изведбите на редок репертоар на Градскиот камерен оркестар од Велес. На репертоарот се „Серенада“ и „Детска симфонија“ од Хајдн, Концерт за четири пијана и оркестар од Ј.С. Бах, солистичка зведба на песните од С. Гајдов „Ајде слушај, слушај“ од мецосопранот Веселинка Маџарова, а завршницата е оставена за делото „Обливион“ на С. Пјацоли во изведба на Трајче Малинов - тенор саксафон.
Во програмската изведба ќе настапат и пијанистките Габриела Бочманова, Светлана Ташева и Јованче Бонев. Диригент е м-р Илија Настовски.

Организаторите со срдечност упатуваат покана до гевгеличани да бидат дел од овој несекојдневен настан!

Камерниот градски оркестар во Велес е формиран во мај годинава на денот на Сесловенските просветители, на иницијатива на градоначалникот Аце Коцевски, со цел да се развива културниот живот во општината. Наречен е „Ангел Шурев“ познат музичар од Велес со меѓународна кариера. Шурев бил роден во Велес во 1932, а починал во Белград 2004-та. Тој е ученик на основното музичко училиште тогашно „Киро Димова“, сега „Стефан Гајдов“ во Велес. Завршил специјализација на „Санта Чечилији“ во Рим, каде три години бил диригент во Римската опери. Пред и потоа бил диригент во Белградската опера, Симфонискиот оркестар и хорот на ЈНА во Белград.

Новиот камерен оркестар од Велес што го носи името на овој врвен музичар од нивниот крај е составен од 16 дипломирани музички уметници и зад себе има веќе бројни настапи пред домашната и странска публика. Во вторник гевгеличани ќе имаат прилика да уживаат во нивното музицирање.


Last modified on Недела, 03 Ноември 2019 - 14:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.