Топ Новости

„Гевелија арт епизода“ за Денот на општина Гевгелија

Вторник, 05 Ноември 2019

Група самостојни творци, креативци и уметнички поттикнати и празнично настроени гевгеличани на својот град за Денот на ослободувањето решија да му подготват роденденска забава, со организација на изложбено - музичка - арт вечер.

На 7 ноември, во 21:00, во клубот „Де Факто“ ќе биде oтворена изложба на необјавени фотографии на тема "Гевгелија", пропратена со „арт базар“ на рачни изработки од наши фини, градски луѓе и сето тоа спакувано во музичката кутија од изведбениот репертоар на Васил Ангов.

Организаторите со гордост ги претставуваат веќе најавените и познати учесници на „Гевгелиската арт епизода“:
Фотографите Димитар Новаков, Гоце Тасевски, Димитар Мијов, Петар Арџанлиев, Ангов Димитар, потоа изложувачите на свои уметнини Петар Арџанлиев, Pannis Carroll, „Daisy Accessories“, „Rolla Riki“, Маја Дучкова „Filaz“, „Sari Mandala Art“, Андреј Караџовски „Avet Jewelary“, „Rose Accessories“, „Elena decoupage“, „Racni izrabotki i Dekupaz - M“.

Сето ова пропратено со музичкиот избор на Васил Ангов „Live Acoustic“.

По полноќ, „Арт“ забавата продолжува со сет од македонски популарни хитови на DJ h2o.

Роденденските организатори на „Гевгелија арт епизода“ и ноќниот клуб „Де Факто“ ги очекуваат гевгелиските славеници на дружба и забава.

 

Last modified on Вторник, 05 Ноември 2019 - 14:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.