Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Пиесата „РЕАЛИСТИ“ гостува во Гевгелија

Четврток, 14 Ноември 2019

Ја препознаваме ли сликата на реалниот свет потонат во капиталистичката индолентност кон човечките вредности, со приоритетен интерес кон трката за профит. Стручњаците тоа го викаат либерален капитализам, а граѓаните живот во сегашноста.
Таква слика на актуелното животен момент дава и пиесата „Реалисти“ која на духовит начин укажува на кризата на либералниот капитализам и на последиците од овој систем врз поединецот. Во претставата се инсистира на чист и едноставен актерски израз со силни емотивни состојби, кои на комичен начин го исмеваат современиот живот, преку кој барајќи ја перфекцијата, се убива емпатијата, љубовта и пред се' човечноста. Таа а е глас за меѓусебно разбирање, кој треба да не' обедини во реакцијата кон суштинските современи и универзални проблеми.

Драмата е работена по текст на белградската авторка Јелена Кајго, кој третира повеќе современи теми, отуѓеноста на луѓето, нивната трка по пари и престиж во машината на капитализмот, каде што парите се над сѐ. Цената најчесто е превисока. Режијата е на Срѓан Јаниќијевиќ.

Пиесата својата премиера во Македонија ја имаше на сцената на МНТ во декември 2018 година во рамките на Деновите на српската култура во Македонија. Изведбата е на српски јазик.

На сцената на Народниот театар во Гевгелија „РЕАЛИСТИ“ ќе гостува наредниот петок (22.11.2019). Сценскиот настап ќе го има поставата од шестчлен актерскиот состав: Ивица Димитријевиќ - во улога на Грегор, Владимир Петровиќ - (Предраг), Нина Деан Гачиќ - (Соња), Ивана Павлаковиќ - (Гордана) и Стефан Вујисиќ - (во улога на Ратко).

Уметничкото задоволство е во продукција на „СПОНА“ која играта на актерите пред гевгелиската публика ќе ја отстапи за 100,- денари (вредност на билет) за секој возрасен посетител на претставата. Организаторот, Домот на културата во Гевгелија најавува дека можете да набавите билети од понеделник (18.11.) во билетарата на Домот на култура (згарда на Пионерскиот дом во Гевгелија).

Почеток на претставата е во 19:00 часот.


Last modified on Четврток, 14 Ноември 2019 - 15:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес на СДСМ Гевгелија - Претседателот Видимче со порака до гласачите да

На 15 јули треба да гласаме за продолжување на сигурниот пат на напредокот што

Повеќе

Заев и Димитров во Миравци: „Сите правци водат во Миравци“

Миравчани горди што од своето место ќе го имаат новиот пратеник од редовите на

Повеќе

Пристигна избирачкиот материјал во ОИК Гевгелија, право на глас имаат 19.107

Општинската изборна комисија во текот на вчерашниот ден го прими гласачкиот

Повеќе

Панчевски во бегство, полицијата го бара за да го притвори

По изрекувањето на мерката 30 дневен притвор од страна на Велешкиот Суд,

Повеќе

Министерствата за земјоделство и екологија посветени на Дојран и Дојранското

Општина Дојран која се простира на еден од трите природни езерски убавици во

Повеќе

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.