Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

НУ Музеј Гевгелија со изложба во Скопје ги претстави „пајонските некрополи“ од Милци и Марвинци

Понеделник, 16 Декември 2019

Некрополипте кај Милци кои се дел од археолошкото богатство на просторот на Гевгелија и дел од работниот ангажман на Националната установа Музеј Гевгелија деновиве беа дел од заедничката изложба “Статусни симболи кај пајонските заедници” која е реализирана во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија.

Претставувањето на кашето културно археолошко богатство беше задача и чест на директорот на НУ Музеј Гевгелија, Бобан Хусеновски. На отварањето на изложбата свое обраќање бред бројната публика имаа и директорот на Археолошкиот музеј, м-р Горан Санев и авторот на изложбата, кустос советникот, д-р Александра Папазовска.

Изложбата претставува една перспектива на приказ на пет богати женски погребувања од некрополите Лисичин Дол (гробовите 334, 357, 359) и Милци (гробовите 111, 125) кои по своите специфични карактеристики се издвојуваат од останатите погребувања во населбата, каде во изворна состојба, добро сочувани, среќаваме нови типови на религиозни комплети од групата на т.н. „Македоски-пајонски бронзи“.
Самата појава на предмети од типот на „македонски-пајонски“ бронзи ги издвојува по својот статус кој го имале во заедницата. Најпрво, бројноста на накитот и гробните прилози ја изразуваат нивната економска моќ, но најважниот елемент го имаат прилозите кои сами по себе имаат карактер кој може да се поврзе со култ кон сонцето или пак, со некакви активности поврзани со самиот култ.
Како прототип на ваквите богати погребувања претставен е добро познатиот гроб на „Свештеничката од Марвинци“ – гроб 15 од Лисичин Дол. Сите предмети кои имаат неоспорна култна содржина биле поставени врз телото на покојничката. Овој елемент на положување на предмети со култен карактер го среќаваме кај сите покојнички, така што предметите биле положени врз нивните тела, и тоа во пределот на градите или појасот и карлицата.
Посебно се издвојува покојничката со композитниот предмет “Култна Палка” од гроб 125, кој секако го издвојува и подигнува социјалниот статус на покојничката, но и ја одредува улогата која оваа покојничка ја имала во религиозни обреди.
Масовната употребата на „пајонските бронзи“, секако зборува за зголемената економска моќ на одредени поединци во заедницата, но и за постоење на некој ред кој се занимавал со одредени духовни манифестации поврзани со култот кон сонцето.
- Предметите од групата на „пајонски бронзи“ сама по себе ги издвојува овие покојнички во рамките на заедницата, со што претставува израз на јасно издиференцирана социјална стратификација. Тоа е израз на првите раслојувања на племенската „аристократија“ во опшеството, и тоа по основа на економска моќ, која на крајот на железното време ќе доведе до формирање на нови општествени форми. Така покојничките секако биле лица со повластен статус помеѓу локалната световна аристократија“ вели авторката на изложбата.
- „Сите овие елементи проткаени низ изложбата “Статусните симболи кај пајонските заедници” укажуваат на еден нов момент во нашата престава за животот на долновардарските заедници. Во исто време, тие поттикнуваат нови размислувања, но и отвараат нови прашања за карактерот и живот на железнодопските пајонски заедници“ заклучуваат од стрчњаците од Археолошкиот Музеј на Македонија.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до март 2020.


Last modified on Понеделник, 16 Декември 2019 - 19:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.