Михаил Петров награден на конкурсот „Тrash for art 2019“

Вторник, 17 Декември 2019

Уметникот Михаил Петров од Гевгелија со своето дело „Печка на дрва“ го освои второто место на националниот конкурс „Тrash for art 2019“ во организација на „Пакомак“ од Скопје.
Заедно со дипломата уметникот се стекна и со награден фонд од 20.000 денари.

Во останатите наградени поединци се Ангела Бошкова со делото „Папагал“ и награда од 30.000 денари за освоеното прво место, и Павел Миладиновски како третопласиран со делото „Тежината на светот од загадувањето“ за кој наградниот фонд изнесува 10.000 денари.

- „Уметноста може да се изрази на разни начини, а пријавените дела покажаа дека имагинацијата на креаторите нема граници. Сите дела пристигнати на конкурсот имаат посебна важност и убавина. Го цениме нивниот труд и обид да му дадат нова димензија на нешто на кое многумина гледаат како да е амбалажен отпад, а не и нова уметничка иднина на материјалот“, велат организаторите на конкурсот, фирмата „Пакомак“, која се занимава со управување со пакување и отпад од пакување. Основно мото во работата на оваа фирма е дека „Амбалажата што има минато може да има и иднина“. Со таков став кон својата работа тие веќе неколку години наназад се организатори на ваквиот вид уметнички награден конкурс.

Според пропозициите сите дела се изработени со користење на отпаден материјал, најмалку 10 парчиња амбалажен отпад од ист или различен вид на отпад (лименки, пластични или стаклени шишња, тегли, картонски кутии, кеси од чипс, капачиња, конзерви и сл.) и да бидат високи до 150 сантиметри.
На наградниот конкурс можеа да учествуваат возрасни и деца, посетители на детски градинки, училишта, (основни и средни) како и факултети, невладини организации, но и поединци.

Уметникот Михаил Петров од Гевгелија, за изработка на своето уметничко дело користел картон, 10 парчиња, создавајќи печка на дрва во нормални кујнски дименции (80 х 40 х 40 см). Како наставник по ликовна уметност во ООУ „Крсте Мисирков“ каде што сега е директор, пред две години (во 2017) Михаил Петров со неговите ученици создадоа Ајфелова кула висока 300 сантиметри користејќи картон и 3.000 капачиња од употребени пластични шишиња и освоија прво место во конкуренција на основни училишта и петто место на меѓународна излoжба во конкуренција на 50 ликовни секции од Балканот. Ова е само податок плус за неговата ангажираност во уметноста, било таа да се создава од материи кои за други претставуваат отпад.

Целта на конкурсот на „Пакомак“ е да се создава уметност, а не ѓубре како стил на постапка со отпадот кој го создаваме секојдневно околу нас.

- „Сакавме да ги поттикнеме учесниците дека со волја, вештина и сосема малку или без воопшто вложени финансиски средства може да креираат нешто конкретно, функционално и убаво, а притоа да освојат вредни награди и да го добијат статусот на еколошки-ангажиран уметник“, изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак“.

Награденото дело на М. Петров останува во сопственост на „Пакомак“ како дел од трајната изложбената поставка на фирмата.


Last modified on Вторник, 17 Декември 2019 - 11:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови

Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните

Повеќе

Угостителите со работно време до 21 часот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по

Повеќе

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.