Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Новогодишен концерт на ООМУ „Васо Карајанов“ Гевгелија

Сабота, 21 Декември 2019

Со целовечерен концерт на музичка програма во четвртокот и балетски настап на учениците од Општинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“ од Гевгелија, во петокот, неделава се одбележаа 41 година музичка и 25 години балетска дејност на училиштето.

Децениите музичка образовна дејност и сценските балетски настапи беа изведени од учениците на училиштето поддржани од своите наставници по музика, балет, хорските настапи, групните сценски изведби.

Новогодишниот концерт на училиштето е традиционален настан преку кој учениците ги презентираат своите музички наобразби, секој горд на својот напредок, некои првпат изведуваат самостојни сценски точки, а годинава продолжи да се негува и хорскиот и оркестарскиот состав кои ја почестија публиката со заедничка новогодишна изведба.

Сузана Стефанова, директорката на училиштето и самата некогашен ученик во ООМУ „Васо Карајанов“ со години е дел од музичкиот живот во Гевгелија и затоа со годините на своето искуство стекнато во училиштето и музичката академија, со право забележува дека Гевгелија има таленти кои заслужуваат да го добијат соодветното музичко образование за да се развијат како уметници, а со тоа и да придонесуваат во збогатувањето на културниот живот во нашата средина.
Таа ги пофали напорите на 50-та ученици изведувачи на самостојните и групни музички изведби и ги охрабри да продолжат и понатаму во нивните музички стремежи.

Новогодишниот сценски подарок за сребрениот јубилеј од своето постоење синоќа го испорачаа пред гевгеличани и учениците од балетскиот оддел на училиштето. Разиграни и насмеани, со ведрина и сценска умешност која ја научиле со долгите часови вежбање тие им приредија убави свечени моменти на сценско задоволство пред својата позната и драга семејна публика и гевгелиските миленици на културни новитети.

Благодарноста за новогодишната музичко-балетска концертна претстава на сите учесници, учениците од ООМУ публиката им ја искажа со искрени аплаузи на задоволство.

 

Last modified on Сабота, 21 Декември 2019 - 05:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.