Медена земја вечерва во Гевгелија

Понеделник, 03 Февруари 2020

Трета филмска проекција во Гевгелија на документарниот филм „Медена земја“, најнаградуваниот македонски филм и годинешниот македонски кандидат за „Оскар“.
На една недела пред официјалното доделување на престижните филмски оскари македонскиот кандидат кој предизвика бура од реакции, возбуда и чувства на престиж деновиве се прикажува низ државата, а вечерва ќе гостува пред гевгелиската публика.

Место- Народен театар, почеток 20 часот, вечерва 03.02.2020 година. Задоволството ќе ве чини 100,- денари.

„Медена земја“ со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“. Филмот е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, а досега има освоено 20 меѓународни награди. Позитивни рецензии за филмот објавија сите водечки светски медиуми како „Њујорк тајмс“ (The New York Times), „Лос Анџелес Тајмс“ (Los Angeles Times), „Њујоркер“ (The New Yorker), „Венити фер“ (Vanity Fair), и други.

Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша: „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“
Холивудската актерка истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!
Филмот освен во кино салите низ Македонија, деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска.

Синопсис: „Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“

По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Подгответе се за животна реалност во траење од 85 минути.
Режисери на делото се Љубо Стефанов и Тамара Котевска, сниматели и кинематографи се  Фејми Даут и Самир Љума.  Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев, а музичката подлога е од групата „Фолтин“. Во филмот настапуваат реални ликови од местото Бекирлија, Свети Николско, тамошни жители кои во филмот го живеат својот живот, а документаристите само го снимат нивното секојдневие, тоа се: Атиџе Муратова, последната одгледувачка на мед од диви пчели во природата, нејзината болна мајка Назифе Муратова, соседите  Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сан и останатите деца од семејството Сам.
Филмот е наменет за сите возрасни категории, со порака дека е потребен баланс во животот помеѓу човекот и природата.


Last modified on Понеделник, 03 Февруари 2020 - 17:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.