На позитивно изненадување на многумина, култната тв серија „Бушава азбука“ ќе се репризира на Македонската телевизија, а со цел да им се пополни времето на децата кои не се на училиште додека траат мерките на Владата за заштита од коронавирусот.
Веста за репризите на „Бушава азбука“ ја соопшти на Фејсбук режисерот Унковски:
- „Драг Венко,овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, преку утре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко“, напиша Унковски.
Само колку за потсетување, серијата е од 1985 година, во продукција на МРТ. Тв серија беше насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм, актерска игра. Имаше вкупно 31 епизода, со просечно траење од 29 минути, секоја посебно посветена на буквите од македонската азбука. Таа е убедливо најуспешниот производ на МРТ, преку која многу генерации ја научија азбуката.
Серијата беше снимена со музика од „Леб и сол“ и Ана Костовска, а во неа играше врвна актерска екипа како Ненад Стојановски, Александар Чамински, Марин Бабиќ, Петар Арсовски, Ана Костовска, Софија Куновска, Кирил Ристески, Јовица Михајловски и Мими Таневски.
Поради коронавирусот Владата завчера ги затвори градинките, училиштата и факултетите, со цел да го спречи ширењето на заразата. Учениците нема да одат на училиште до 24 март.
Емисијата е веќе ставена на програмата на МТВ1 и ќе се емитува од понеделник во термините 11:25 и 16:30 на МТВ1.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите
Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови
Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните
Угостителите со работно време до 21 часот
Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за