Одбележувањето на општинскиот празник 7-ми Ноември и 74 годишнината од ослободувањето на Гевгелија годинава ќе биде во знакот на петдневна културно-уметничка програма на која ќе земат учество домашни и локални изведувачи.
Чествувањата на општинскиот празник започнуваат од петок, 2 ноември со традиционалната манифестација „Фолклорен ѓердан“, а ќе заврши со свечена академија во Народниот театар во Гевгелија на Денот на ослободувањето на Гевгелија 7ми Ноември. За одбележување е што на општинскиот празник се враќа традицијата на Свечените академии кои близу две децении уназад останаа заборавени.
Денот на општината е ден на граѓаните на Гевгелија и населените места и токму затоа голем дел од општинските културни творци и дејци ќе најдат простор во годинашнава културна програма по повод одбележувањата на општинскиот празник.
Место на сите културни случувања е Народниот театар во Гевгелија, а седуваат: во сабота, на 3 ноември Свечен концерт по повод 40 годишниот јубилеј на ООМУ „Васо Карајанов“ во изведба на нивните долгогодишни сегашни и поранешни ученици. На 5 ноември 2018 година, во понеделник, во фоајето на Народниот театар ќе биде отворена традиционалната изложба на ДЛУГ, а веднаш потоа во големата сала на најрепрезентативниот уметнички простор во градот ќе се одржи традиционалната поетско-музичка манифестација „Пееме за Гевгелија“, што ја организира Домот на културата.
Во пресрет на празникот, на 6 ноември, во вторник, гевгеличан ќе може да проследат Балетска вечер со ансамблот на ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, од Скопје.
Славеничкиот ден има своја посебна организациска тежина на одбележувања. 7 ноември - Денот на Општина Гевгелија опфаќа четири настани, се започнува со оддавање почит на ослободителите кои ги втемелиле своите животи во слободата која сега ја уживаат нвните генерации следбеници и сограѓани. Со претставници од Боречката организација и локални претставници на локалната власт општествениот и стопанскиот живот во Гевгелија ќе биде положено свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци за слобода во центарот на градот. Одбележувањето продолжува со свечено предавање во употреба на новиот Водоснабдителен систем во Гевгелија, бунарскиот систем кај Вардар во месноста Мрзенци. По ваквиот успешен капитален новитет гевгеличани ќе слават со Свечена академија што ќе се одржи во Народниот театар.
Крајот на празничните одбележувања е резериран за вечерната театарската претстава „Вдовицата се мажи“ во изведба на НУЦК Театар „Ј.Х.К.Џинот“ од Велес.
Низа од петдневни претпразнични и празнични одбележувања, девет настани и еден капитален објект ставен во функција на граѓаните на општината во чест на Општинскиот празник, 7 Ноември.
Да ни' е честит и вековит!