Случките од училница одиграни со актерски перформанс на гевгеличанецот Дејан Малзарков по успешните прикажувања во Гевгелија, Велес, продолжуваат да ја засмеваат публиката од регионот.
Утревечер, ново актерско предавања Дејан ќе одржи во Струмица, на огромно барање на струмичани. Популарниот гевгеличанец и стенд ап комичар Дејан Малзарков за прв пат го носи своето шоу Sit down comedy – Училница во Струмица!
Сценскиот настап е закажан во Центарот за култура “Антон Панов” во Струмица на 12 декември (среда) со почеток од 20 часот.
Предавачите од Светото тројство: Чик Ване, Џоче и Пецко Иглесијас пред струмичани ќе одржат три скратени часови за иронијата на модерното општество.
Шоуто е наменето за лица на возраст над 16 години.