„Жени“ - документарен театарски проект посветен на ракот

Четврток, 09 Јануари 2020

Чумата на денешницата, ракот, канцерот, доби и своја театарска мотивација. Тоа е документарно театарскиот проект „Жени“ во кој играат претставнички од нашата заедница кои го победиле ракот и предрасудите.
Во сценска игра протагонистките во „Жени“ јавно зборуваат за битката со оваа тешка болест, на сцената играат: Невена Стерјова, Трендафилка Киклевска и Катерина Петровска. Инаку, претставата е работена по автентични случки и текстови на жени болни од рак, но користени се и авторски текстови на Билјана Крајчевска, како и текстови од „Три сестри“, на А.П.Чехов. Ова е жив театар кој зборува отворено за проблемите на најголемиот дел од жените кои водат лавовска борба со оваа опака болест.

„Иако сме во 21 век, темата која ја претставивме, борбата со ракот, се уште е табу тема. Ние, што некои не нарекуваат ‘глумци’, иако по вокација не сме тоа, сепак сме активни актери во борбара со ракот. И верувајте, многу храбро се носиме со тоа“, велат жените од претставата.

Инаку, целта на овој театарски проект е да се подигне свеста за редовни прегледи и брзо дијагностицирање на болеста која има епидемски размери.

Претставата „Жени“ која претставува документарен театарски проект е во организација на Здружението на граѓани за борба против рак „Елена Костадинова - За среќа“, а во Гевгелија ќе биде изведена во четврток на 23 јануари во Народниот театар со почеток во 19:00 часот.

 

Last modified on Четврток, 09 Јануари 2020 - 11:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.