Според Програмата за развој на културата за 2020 година што ја донесе Советот на Општина Гевгелија, проектите на организаторите на културни настани во Општината ќе бидат поддржани со средства од локалниот буџет во износ од 4.000.000 денари.
Триесет и седум здруженија на граѓани, културно уметнички друштва и установи ќе добијат дотации кои се движат од 10.000 до 550.000 денари.
Од долгогодишните културни креатори и афирматоори на културните вредности на општината во Програмата за култура за 2020 година се најдоа: КУД „Танец“ Миравци со одобрени буџетски финансии од 150.000 денари, КУД „Бојмиа„ од Гевгелија (170.000 дена.), КУД „Негорци“ од Негорци (150.000 ден.), КУД „Браќа Толеви“ Прдејци (100.000 ден.), ЗГ „Тера“ Гевгелија (300.000 ден.), ЗГ „Дон Кихот“ (50.000 ден.), Градски мешан хор „Гортинија“ (180.000 ден.), КУД „Распеани гевгеличани“ (40.000 ден.).
Меѓу организаторите на специфичните творби и творештва се и општинските установи од областа на културата чии наменските проекти се финасирани со следните износи: Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ Гевгелија за седум програмски потфати добива средства во износ од 150.000 денари, ООМУ „Васо Карајанов“ (40.000 ден.), Дом на културата Гевгелија (150.000 ден.), ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ (80.000 ден.), активности на Народен театар Гевгелија (550.000 ден.).
Меѓу понудувачите на културни проекти за 2020 година се и 12 индивидуални културни работници, поети, музичари, ликовни уметници креатори на самостојни проекти кои за организација на истите ќе бидат поддржани со програмата за култура во износи од 10.000, 30.000 до 80.000 денари, во зависност од обемноста на проектот. Меѓу нив е м-р Глигор Гелебешев, организатор на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти, Стефан Марковски за превод и KDP објава на романот „Еретички писма или наоѓајќи го небото што сјае црвено“ на англиски јззик, Апостол Митров - Ацо за аудио и видео запис на песната „Ода за Гевгелија“.
Значаен дел на средства се одвоени за одбележување на Спасовден (700.000 ден.), а 365.000 денари остануваа за „други активности“ од општ културен интерес за Општината.
На огласот за финансиска поддршка на културни проекти од интерес за Општината годинава се јавиле 54 апликанти, одобрени се 37, а 17 се одбиени заради непотполна документација, или несогласување со критериумите во конкурсот (за 13 се наведени причините за одбивање на апликацијата, а другите 4 не се ниту спомнати во Програмата). Тоа значи растечки интерес кај културните креатори за финансиска поддршка на своите проекти од буџетот на Општината.
Програмските залагања за помагање на културата во рамките на Општина Гевгелија се присутни во работата на локалната самоуправа веќе 12 години по ред, на задоволство на организаторите и секако локалната публика како консумент на настаните и странската публика која ги следи гостувањата на општинските културни креатори при посета на културни фестивали во странство.
За реализација на програмата е надлежен градоначалникот на општината, а корисниците на средства се задолжени за своите остварувања да поднесат извештај пред Советот на општината.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во