Ова е пораката на муралот направен на фасадата од приватна куќа во Гевгелија која се наоѓа на улица „Маршал Тито“ а е дел од уметничките творби создадени во рамките на фестивалот „АКТО“ кој се изведува 15 година по ред.
Автори на муралот се локалниот уметник Миле Ничевски во соработка со Филип Јовановски од Скопје, а е во продукција на ЗГ „Факултет за работи што не се учат“ во партнерство со БОШ Фестивалот од Гевгелија.
Јовановски денеска со статус на социјалните мрежи се пофали дека муралот е комплетно готов и изложен за јавноста: „Го „отворивме" муралот во Гевгелија - ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА, СОЦИЈАЛНА БЛИСКОСТ“ со гевгелиската стара порака „И уф арно и уф м`ка комшијата е тука”,
Муралот е освежување на урбаниот простор на деновиве малку прометната улица „Маршал Тито“ и е наспроти зградата на Национамлниот Музеј Гевгелија, кој овие три месеци поради пандемските услови е затворен за посетители. Така имаме уметничка понуда без билет на јавна изложеност на минувачите. Муралот е приказ на уметничкото култно дело „Танц“ на светски познатиот уметник Анри Матис.
Претходните два мурала, од циклусот на „15 АКТО фестивал за современи уметности, 2020 година“ беа направени во Битола и во населбата Ченто-Скопје, и се изведени на јавни институции, центри за култура, со цел да се истакне солидарноста и соработката со јавните институции од културата и да се прати порака за заедништво во секоја локална средина поединечно.
- „Муралот во Гевгелија насловен симболично „Физичка дистанца, социјална блискост-комшијата и во арно и во лошо” не случајно е изведен на приватна куќа и директно реферира на солидароста на локалната заедница за време на пандемијата со ковидот“ - вели Јовановски.
Токму така - без јавни собирања, без сечење црвени ленти, без рефлектори и обраќања, поради корона условите, од денеска завршеното уметничко дело е комплетно изложено на љубопитната гевгелиска публика.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/2014-01-09-21-20-12/2014-01-14-19-27-55/art/5188-mural-fizicka-distanca-socijalna-bliskost.html#sigProGalleria064a4383c8
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може