Топ Новости

{flike}


Изложбата посветена на „50 години творештво на Васко Ташковски“ ќе ја отвори академик Луан Старова, секретар на Одделението за уметност на МАНУ.

Средбата со делата на овој не само плоден туку и неумоен ликовен креатор публиката ќе ја има во среда во 19 часот во Ликовниот салон на МАНУ.

- „Таа далечна 1965 година со моите 28 насликани дела во разни цртачки и сликарски техники, на изложбата во Домот на армијата во Шибеник за прв пат пред јавноста го полагав испитот за уметноста. А сега, после половина век, овој јубилеј го одбележувам со 51 слика на мојата 51. самостојна изложба во маслена техника насловена како „Енергии во просторот“, вели авторот за својот уметнички повод.

Академскиот сликар,Васко Ташковски (Нижеполе, Битолско, 31 август 1937) е еден од најистакнатите македонски сликари, кој покрај членството во МАНУ, го окарактеризира и тоа што е единствен македонски уметник застапен во кабинетот на претседателот на Обединетите Нации.

Во својот творечки полувековен јубилеј ги впишал реализациите на 51 самостојна изложба, меѓу кои во Шибеник, Скопје, Каиро, Париз, Анкара, Њујорк, Виена. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и надвор, на тематски изложби итн.
Речиси реодвен учесник е на гевгелиската ликовна колонија „Аполонија“.
Во 2013 година од Министерството за култура беше прогласен за Амбасадор на културата на Република Македонија.

Освен со сликарство се занимава и со наменска сценографија за театар, телевизиски и филмски прокти, како и сценографии за разни манифестации (музички и театарски фестивали, јавни настани од областа на културата). Работел и како илустратор на повеќе изданија. Завршил Академија за применета уметност во Белград 1964 година. Се занимава со сликарство, сценографија, илустрација и др. Покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел, цртежи и графика.

Добитник е на наградите: „4 јули" 1977 год., Октомвриска награда (за сликарство) 1978 год. и други.

Ја има напишано и својата автобиографија насловена како „Ѕуница околу пирустијата“. Во неа вели:
- „Толпата те воздигнува и те носи на раце кога те прифаќа, а те гази во стампедо кога те негира. Секогаш биди неколку метри над толпата за да бидеш безбеден од нејзиното стампедо“, вели сликарот Ташковски во својата автобиографија во која има изнесено и одговори на многу актуелни прашања за уметноста, уметниците, критичарите и улогата на уметникот во општеството.

 


In Memoriam: Љупка Арсова Џундева (1934-2018)

Македонската театарска и филмска легенда Љупка Џундева денеска почина на  84 годишна возраст

Повеќе

Украсни тестенини

ВИДЕО: Седум лесни начини како да го трансформирате тестото во украсна форма 

Повеќе

Гевгелиското драмско студио „Дон Кихот“ освои прва награда во Бугарија

На меѓународниот фестивал за танц и уметност „Утринска ѕвезда“ што се одржа виќендов во Албена, Бугарја, гевгелиското драмско студио „Дон Кихот“ го освои првото место и награден ваучер од 500 евра

Повеќе

IN MEMORIAM За Бардот на македонското глумиште, МИТЕ ГРОЗДАНОВ

Роден во Струмица 14 декември 1943 – 25 ноември 2018 година

Повеќе

Со срце за Цаци: Да донираме сите за да го победи ракот!

На Цаци (28 г.) и' е потребен итен третман во Хјустон Тексас, по изведената втора операција против агресивниот тумор на мозокот

Повеќе

Брз и вкусен ролат од спанаќ

Рецептот се подготвува само за 10-на до 15 минути, превкусен е и е одлично мезе или предјадење

Повеќе

Приватните лекари од Гевгелија, Богданци и Дојран со барања пред ФЗОМ

Протсено собирање на 20-тина лекари од приватните здравствени установи пред Фондот за здравствено осигурување на РМ поради незадоволство од предлог договорот за соработка со ФЗОМ

Повеќе

Комедија „Вдовицата се мажи“

Со гостување на претставата од Велешкиот театар утревечер завршуваат 7-мо ноемвриските одбележувања во Гевгелија

Повеќе

Денот на општината 7 Ноември со богата културна програма

Одбележувањето на општинскиот празник 7-ми Ноември и 74 годишнината од ослободувањето на Гевгелија годинава ќе биде во знакот на петдневна културно-уметничка програма

Повеќе

Детектиран тигрест комарец - закана под контрола

На југот од Македонија топлите услови придонесоа да преживее и да се прилагоди на средината азискиот тигрест комарец

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.