Топ Новости

 


,,Се стемни од чадот,луѓето почнаа да плачат, да кашлаат потоа врескаа. Зошто ни го прават ова, па Зигмунд рече дека ќе одиме во гетото во Ломза, лажливец. Некој ме фати за коса, ме повлече.Го испуштив детето. Некој ме удри, вратив. Зошто Рисјек? 

Осетив дека газам по некого и дека некој гази по мене, а Менахем сигурно седи кај некоја курва. Почнав да кашлам, да блујам да се задушувам, на крајот се помочав.
ОВА БЕШЕ ЖИВОТ?!''
Дора
,,Нашиот клас",
Претставата е вечерва во 20.00, на сцената на Театарот за деца и младинциво- Скопје.

Театарот за деца и младинци - Скопје (ТДМ) секогаш се чинел како волшебна театарска оаза во центарот на главниот град. Кога го гледате овој ансамбл додека игра на малата сцена, ви се чини дека актерите уживаат што играат за децата од чиишто критики никогаш не се плашеле да признаат дека постојано стравуваат. И одеднаш, тие за задача го добиваат „Нашиот клас“ на Слобоѓанек и Милчин.



„Нашиот клас“ на Тадеуш Слобоѓанек е потресна приказна за едно од помалку познатите ѕверства на Холокаустот, закопано во темните подземја на официјалната историја повеќе од шеесет години, кое не се случило ниту во гето ниту во концентрационен камп, туку во едно мирно мало гратче во Полска, во кое Евреите и католиците претходно живееле како соседи речиси илјада години. Оваа драма низ 14 лекции по историја го следи патот на учениците од еден клас во гратчето Једвабне, кои во јули 1941 ќе се најдат во центарот на измачувањето и убивањето на 1.600 Евреи, меѓу кои жени, деца и старци, од луѓе кои ги познавале, со кои оделе на училиште, со кои тргувале и другарувале. „Нашиот клас“ е драма за лојалноста и предавството, храброста на индивидуата и колективниот кукавичлук; маестрално ја претставува историјата како жив организам кој нè учи што е всушност човекот. Уметност која поставува болни прашања, не суди, ниту осудува; едноставно не дозволува важните грешки да се заборават. За да не се повторат.

Во режија на Режија: Владимир Милчин вооваа потресна сценска приказна од минатото играат: Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски, Ненад Митевски, Наташа Петрововиќ, Емра Куртишова и Симона Спировска.

„Нашиот клас“ е претстава која често не е пријатна за гледање. А каква поинаку може да биде естетиката на театарот кој се обидува да ги артикулира најнесфатливите зла на историјата на човештвото? За жал, злото е дел од животот. И тоа многу рано се осознава. Злото нè следи од растењето, исто како и првиот бакнеж со симпатијата и пивото со најдобриот другар од училишните клупи. За тоа и говори „Нашиот клас“ на Слобоѓанек. А „Нашиот клас“ на Милчин е токму онаква претстава каква што треба да биде за да нè подучи додека сме млади што не треба да правиме кога ќе пораснеме. Какво минато не смееме да дозволиме да се повтори.

 


 

Пресудени 4 години затвор за анестезиологот за случајот Кадиева

Гинеколозите Чалков и Москов ослободени од обвинението за смртта на родилката Кадиева, анестезиологот д-р Ванчев доби и забрана за вршење на дејност во траење од пет години

Повеќе

Завршни зборови по предметот за смртта на родилката Кадиева

Во завршниот збор обвинителката побара лекарите да се осудат, бидејќи наместот како тим, дејствувале секој поединечно

Повеќе

Маринирани пиперки по домашен рецепт

Ако сте го подготвиле ајварот, на ред се другите вкусни специјалитети од богатата ризница на домашни рецепти

Повеќе

Започна Смоквијада 2018

Традиционално по 12 пат фестивал на деликатесното слатко од смокви во Гевгелија

Повеќе

11-та изложба на графичари од работилницата „Софија“

Две последователни изложби од пред сесијата и главната сесија од меѓународната графичка работилница во Богданци

Повеќе

Во чест на Ристо Калиников „СРВ-Фест“ по шести пат

Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 31 август со почеток во 23 часот во дискотеката Де Факто

Повеќе

БОШ 10 Летувалиште - Втор ден

Шест настани во вториот алтернативен фестиваш БОШ во Гевгелија

Повеќе

Јубилеен 10 алтернативен фестивал БОШ

Тродневна фестивалска програма од 24 до 26 август на годинашниот јубилеен БОШ 10 насловен ЛЕТУВАЛИШТЕ

Повеќе

Меѓународна графичка работилница „Софија“ Богданци

По 11-ти пат во Богданци графичари од светот ќе учат и творат кај нас во Македонија

Повеќе

Смоквијада 2018

Без тепсии за варење слатко пред публиката и жирито и на нова локација, се новитетите на годинашната 12-та по ред манифестација „Смоквијада 2018“

Повеќе
 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

22 септември - Меѓународен ден без автомобили

Со велосипедско дефиле Гевгелија денеска ќе го одбележи 22 Септември -

Повеќе

Сабота 8 часови без струја Гевгелија и Богданци

Нов осумчасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради неопходни

Повеќе

Средба на Премиерот Заев со Потпретседателот на САД, Мајк Пенс

Македонскиот Премиер Зран Заев денеска оствари средба со Потпретседателот на

Повеќе

Соопштение од Општинска изборна комисија Гевгелија

Промена на гласачките места во Гевгелија, Миравци, Негорци и Габрово

Повеќе

ЕВН најавува 8 часовен прекин на струја во Гевгелија

Утре петок 21 септември во терминот од 7:30 до 15:30 часот дистрибутерот на

Повеќе

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме

Став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на референдумското изјаснување на

Повеќе

Низ ГП „Богородица“ летово поминале 1,5 милион туристи

Половина милион македонски туристи претставуваат 1/3 од вкупниот летен патнички

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.