„Траги во бестрага“ и „Мила“ - Саемска презентација

  • Недела, Апр 17 2016

{flike}


Неделава, Во организација на „Манускрипт“ на Саемот на книгата меѓу бројните наслови презентирани се две дела на Душка Дуња Гиевска - поетеса од Куманово која последнава деценија од своето петдецениско творештво ја посветува и на прозата.

Член е на неколку Здруженија на писатели и поети од локален и меѓународен карактер.

Посебно е горда на својот прв роман „Траги во бестрага“ настанат со акумулација на пишувачкото искуство и храбриот од кон прозата во периодот по нејзиното пензионирање од редовниот работен однос. По него следуваше романот „Необична љубовна приказна“.

Пред тоа, таа пишува главно поезија и има издадено неколку збирки... Интересно е што и во поезијата и во прозата, Гиевска исклучиво им е посветена на емоциите или поточно речено на љубовта, но и на животот, на луѓето, на корените и на она што човекот го носи во себе како аманет кој сака да го остави на генерациите кои доаѓаат, за да не дозволи да ги збрише заборав. Но тоа не е чудно, бидејќи Гиевска е една љубопитна, отворена, искрена и пред се’ емотивна личност која случувањата околу себе ги доживува на таков начин.

Како и да е, растењето и зреењето на нејзиниот талент е присутно, вели за нејзините дела рецензентката Калина Сливовска-Андонова. Гиевска не е писател од највисок ранг, но со секоја реченица покажува дека чекори напред по патеката да биде забележана како автор кој дава свој придонес во македонското творештво.

Кога животот го распостилаш по страниците на книгата, добива посебни димензии, временски, тешки, неизбришливи. Колку може да боли животот, да ранува, да плаче и паѓа и одново да се крева од пепелта на согорените соништа и да ти дава сила да истраеш, да ја надвисиш гордоста над понижувањето, да ја сетиш радоста како ги растрга мрежите на тагата и да запееш додека срцето ти го стега болка.
Таков е романот “Траги во бестрага” чиј автор е нашата сограѓанка Душка Гиевска, име што допрва ќе се споменува во светот на љубителите на прозата, а дека емоциите преовладуваат и извираат во секој откриен детаљ, во секој доживеан и одболуван настан на саканите, ќе се уверите откако ќе го прочитате и, за волја на вистината, ќе пронајдете нешто што сте го слушнале, доживеале, вие или вашите блиски, се вели во рецензијата на романот.
Димензиите временски ја отсликуваат човечката судбина пред војната, за време на истата и по неа. Протагонисти-најблиските на авторката. Mајката која од детството го газела трнливиот пат кој ја водел од немило до недраго. Единствено свето е бракот и чедата соединети во едно сложно семејство. Сестри по мајка или татко, или заедничко – сеедно, но сите заеднички го прифаќаат новиот живот, поинаков, поразличен од оној што го диживеала мајката.
“Траги во бестрага” остава белег не само во душата на главните ликови, ами и на чедата родени многу подоцна, во слобода и со нов тек на живот. И денес авторката ги чувствува болните сеќавања на баба и' како траги кои длабат во сеќавањата, поради загубата на ќерка си во колоната бегалци во потрага по подобар живот и посреќно утре. Во свеста на авторката шумолат исушените лисја од дрвјата со кои баба и' и вујко и' го покрија мртвото тело на седумнаесетгодишната девојка, единственото нешто што им се најде при рака таму - во планината.
Роман кој ја открива љубовта кон родниот крај и своите во него. Носталгијата и далечината како болка што пече и боли.

Не можеш да бидеш свој во туѓа земја – звучи како порака на авторката, заклучуваат рецензентките на романот - Милица Петрушевска и Нада Ивановска.

Животот е непредвидлив, неправеден, ранува и зема, одзема нечија среќа, згаснува нечија надеж, но знае да фрли и зрак светлина на убави нешта. Зракот денеска беше петчасовната дружба на Душка со своите читатели на кои им посвети книга во денешното Саемско издание на штандот на „Манускрипт. За своето искуство таа вели:
- „Со поезија се занимавав 50 години, објавив неколку самостојни стихозбирки но многу повеќе сум застапена во групни книги, алманаси и зборници. Откако сум пензионерка, веќе 10-тина години почнав да пишувам проза и тоа го правам со големо задоволство, како мое откритие во литературата“.

Откријте ја и вие Душка и уверете се во лесната приемливост на нејзиниот стил кој не ве остава за подоцна, со умешност да го долови ритамот и пулсирањето на животот, со нарација која ја чинат реална креаторка на прозниот израз.

 


Нина Андова-Шопова наградена со „Роман на годината“

„Некој бил тука“ од Николина Андова- Шопова, е избран за „Роман на годината“ за 2018

Повеќе

Солидарен протест на приватните доктори од Гевгелија

Mатични доктори од приватното здравство во Гевгелија денеска се солидаризираа со состојбата на својата колешка д-р Виолета Петковска од Виница и со протест пред ФЗОМ Подрачна единица Гевгелија бараа

Повеќе

За жените со љубов - цитати

Најдобрите оригинални мисли од големите умови посветени на жената

Повеќе

Видео: Колку деца ќе роди жената е нејзино право

Невладините организации реагираат на законот за аборстус што го наметна минатата власт, а сега е на „корекции“ во Собранието на РСМ на предлог на Министерството за здравство

Повеќе

Прогласена епидемија на морбили во Гевгелија

Со петнаесет заболени деца со морбили на возраст од неколку месеци до една година, денеска од Институтот за јавно здравје прогласија состојба на епидемија на морбили (мали сипаници) и во Гевгелија

Повеќе

За жените, со љубов

Претпразнична осмомартовска манифестација

Повеќе

Лек против ракот пронајден во вирусот на мали сипаници

Шокантно откритие од клиниката Мајо, САД - пронајден лек против рак таму каде што никој не очекуваше

Повеќе

Новите упати „Мој термин“ од денеска и во гевгелиската Болница

Двата нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“ од денеска функционира и во Општа Болница Гевгелија

Повеќе

Културата во 2019 со буџетска поддршка од 4 милиони денари

Општина Гевгелија годинава ќе подржи 42 програмски настани од областа на културата кои што вредносно зафаќаат средства во износ од четири милиони денари обезбедени од локалниот општински буџет

Повеќе

Панцерота на домашен начин

Можете да ги подготвите вкусните панцероти во вашата кујна

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.