Топ Новости >

Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот театар на стопанисување

  • Недела, Мар 04 2018

{flike}


- „Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините. Се соочуваме со застарени компјутери, без расположив основен минимум за работа и недостаток од 5-6 нови вработувања. Барам помош од вас, не можам сам“ со овие зборови директорот на Домот на културата во Гевгелија Миле Ничевски се обрати пред членовите на Советот на општина Гевгелија образложувајќи ги Извештајот за работа на Домот во 2017 и Програмата за работа за 2018 година.

Советниците му замерија дека зборува паушално, а во материјалите за дискусија освен корицата на програмата нема нотирано проекти на кои планира да работи Домот на културата во тековната 2018 година.

Во одбрана на непостоечката програма, која за иронијата да биде поголема и не била текстуално доставена до Советот на Општина Гевгелија, Ничевски одговори дека: „Не можам ништо да планирам однапред, ако не располагам со нешто. Немам простор за работа. Барам да ни' се додели Народниот Тетатар во Гевгелија на стопанисување, или на располагање, за да можам да планирам гостувања на професионални драмски или други уметнички ансамбли“, рече Ничевски и додаде: „Од друга страна, ова наше барање е контрадикторно, бидејќи ние немаме минимални услови за да стопанисуваме со тој простор“, беа аргументите сакам/не сакам на директорот на Домот на културата.

Ничевски се пожали и на ниските средства од 100.000 денари за програмски активности за 2018 година одобрени од општинскиот Буџет преку Програмата за финансирање на културни проекти.
- „За нормално функционирање потребни ни се 1.500.000 денари средства за проекти. Дополнително имам пред две години доставено до Општината проект за поправки во тетатарот: промена на вратите, промена на инсталацијата, промена на светлото, преправки на сцената и набавка на дигитализирана опрема. Со сега доделените средства може да планираме само кино проекции во малата сала на Пионерскиот дом, освен во јануари кога се празниците и летните месеци кога секоја културна активност е неисплатива, а тоа е периодот од 15 јуни до 15 август“. 

 

На ова реагираше советникот

Тихомир Ручкоманов, забележувајќи дека Домот на културата во Гевгелија не само што не се потрудил да понуди програма за работа до Советот на Општината, туку не аплицирал со ниту еден свој проект до Министерството за култура за финансирање преку Националната програма за култура. 

-„Други менаџери и институции успеваат да допрат и до меѓународни средства за проекти од културно значење, а вие како институција од културата не сте се потрудиле ниту апликација да пополните, а не свој проект, перформанс, или претстава да поставите. Вас ве нема ниту на списокот на апликанти, ниту на списокот на одобрени проекти од Министерството за култура на РМ“, оцени Ручкоманов.

Големите заложби за назначување стопанственик над Народниот Театар не добија свој епилог во дискусијата, ниту обновеното барање од 20 до 25 нови вработувања во Домот на културата искажани од Ничевски на осмата седница на Советот на општината.
Инаку Домот на културата во Гевгелија е институција од областа на културата која се финансира со наменски дотации од Буџетот на РМ преку Општинската буџетска сметка, по стапувањето на сила на процесот на децентрализација на ингеренциите на централната власт на локално ниво. Со овие средства се финансираат тројцата вработени, комуналните и режиски трошоци за канцеларискиот простор и други тековни расходи на оваа институција под локална надлежност.
Народниот театар од Гевгелија по неговото темелно реновирање со средства од Европската Унија, (поради претходно опожарување) од 2009 година е пуштен во употреба, но никако не се остварија најавите за формирање посебна институција која ќе стопанисува со тетатарот и така оваа установа остана под надлежност и на располагање на Општина Гевгелија.

По исцрпувањето на дискусијата по Извештајот за работа за 2017 и Програмата за работа на Домот на културата за 2018 година мнозинството советници гласаа воздржано, со што материјалите не добија одобрување од локалниот општински Совет.

Распоредот на гласовите беше следен: 9 гласа „воздржано“, останатите се изјаснија со 7 гласови „за“ и еден „не гласал“ заради судир на интереси, со што Извештајот за работа на ЈОУ Дом на културата за 2017 и Годишната програма за работа на Домот на културата за 2018 не се усвоени од Советот на општината.

 


Коста Солев Рацин - 75 години со неговата поезија

Денес се навршуваат 75 години од смртта на поетот, револуционер  и филозоф Коста Солев Рацин

Повеќе

Стратегијата за ментално здравје започнува од ПЗУ Психијатриска Болница Негорци

Државниот секретар на Министерството за здравство д-р Владимир Милошев, денеска ја посети ПЗУ Психијатриска Болница Негорци и најави почеток на Стратегијата за превенција на менталното здравје

Повеќе

Филипче: Ќе има измени во законот за абортус

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека со Министерството за труд и социјала прават рамка за подобрување на правата на жените

Повеќе

Полнети пилешки гради

Нов рецепт за изненадување на домашните со нов изглед и подготовка 

Повеќе

Природен лек против алергија

Со билка која расте слободно во природата, дури и во дворовите

Повеќе

Училница - Sit down comedy

Дејан Малзарков на сцената на Народниот театар во Гевгелија

Повеќе

Македонско лекарско друштво со признание за Д-р Дојранлиев

Гевгелискиот доктор Педијатар специјалист Ице Дојранлиев, единствен претставник од асоцијата на приватни лекари на Македонија е добитник на признание за особен придонес во пружењето на квалитетни

Повеќе

Еретички писма- нов роман на Стефан Марковски

Младиот гевгелиски поет и прозаист со нов книжевен запис, романот „Еретични писма“ во издание на Издавачкиот центар „Три“ од Скопје

Повеќе

Франкофонијата и пријателството

Изложба на цртежи во галеријата „Амам“

Повеќе

Дизајнерите откриваат каква венчаница одбра идната принцеза

БИДЕО: Венчаницата на Меган во споредба со венчаниците на Дајана и Кејт

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

Четири ленти колона на ГП Богородица

Продолжениот празничен викенд ја зголеми фреквенцијата на патници и возила на Граничниот премин „Богородица“

Повеќе

Во недела 17 јуни - прво авио прскање против комарци

Недела 17.06.2018 година, десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе добијат заедники закажан третман против комарци 

Повеќе

Пожарната во Гевгелија со проширен возен парк

Дирекцијата за заштита и спасување на РМ во соработка со Владата на РМ денес на ТППЕ Гевгелија донираше специјално теренско возило за локализирање и гаснење на пожар на отворен простор и едно

Повеќе

Прес на Влада: ДА, за македонската иднина!

Заев: Имаме историско решение со кое го јакнеме идентитетот македонски, да кажеме ДА за македонската иднина!

Повеќе

Од синоќа поевтинија горивата

Во прилог новите цени

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.