Print this page

Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст



По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија

Во конкуренција од 2000 учесници, на меѓународниот фестивал за поезија илитература во Трст, Италија, средношколците Атанас Атанасов и Сара Цицмиловиќ добија вредна награда за четиријазичната збирка „Градина на мојата душа“.

Учениците од гимназијата „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ добија почесно признание на светскиот поетски фестивал „Замокот на Дуино“ што се одржа во Трст, Италија, овој викен на 17 март. Церемонијата на доделувањето се одржа во хотелот Савој каде средношколците Атанас и Сара, под менторство на проф. Жаклина Атанасова и координаторот на проектот, проф. Александра Митровска, добија почесно признание во категоријата училишни проекти за ученици до 16 години.



Оваа збирка е отпечатена на македонски, англиски, италијански и на шпански, а преводите ги направија професорката Кристина Пренда, Валериа Феранте, Игор Џаманко и Бојана Петрова, а дизајнот го креира Филип Димков. Дел од своите песни учениците прочитаа на церемонијата на доделувањето на наградите, а своите поетски творби, заедно со други добитници, ги читаа на Плоштадот на италијанското единство пред Градското собрание, настан организиран во чест на Стивен Хокинг. 

Централниот настан на фестивалот се одржа во Замокот на Дуино (културно-историска знаменитост на Трст од 13 век), кој беше проследен со голема мeдиумска покриеност. Фестивалот го организира Poesia e Sоlidarieta, во соработка со Универзитетот на Трст и Центарот за меѓународни студии и документирање на култура за млади.

Учеството и присуството на овој значаен поетски настан го помогна и Општина Гевгелија.
Настанот вклучува многубројни активности од областа на литературата и сликарството, во кои учествуваат ученици од голем број земји. На поетскиот фестивал му претходеше литературен конкурс на тема „Куќа“, во соработка со Министерството за образование и наука, кое го оценуваше меѓународно жири составено од универзитетски професори од повеќе земји. Македонските ученици беа во конкуренција на тимови од: Италија, Грција, Мексико, Јужноафриканска Република, Кипар, Шпанија и др.


Извор: Факултети.мк


Зеленчукова чорба со месни топчиња

Во сезона на настински на организмот му годат топли и свежо подготвени лесни оброци

Повеќе

Промоција на „Антички монети“ од Бобан Хусеновски

Вториот том на „Антички монети“ на авторот Хусеновски излегоа од печат деновиве, а по повод 11-ти Октомври беа промовирани во Гевгелија

Повеќе

Вкусна штрудла со јаболка

Брз рецепт со готови кори и сезонски зелени јаболки

Повеќе

Парена торта - Ореварка

Сезоната на оревите е во полн ек. Почестете се со една богата торта „ореовка“

Повеќе

Пресудени 4 години затвор за анестезиологот за случајот Кадиева

Гинеколозите Чалков и Москов ослободени од обвинението за смртта на родилката Кадиева, анестезиологот д-р Ванчев доби и забрана за вршење на дејност во траење од пет години

Повеќе

Завршни зборови по предметот за смртта на родилката Кадиева

Во завршниот збор обвинителката побара лекарите да се осудат, бидејќи наместот како тим, дејствувале секој поединечно

Повеќе

Маринирани пиперки по домашен рецепт

Ако сте го подготвиле ајварот, на ред се другите вкусни специјалитети од богатата ризница на домашни рецепти

Повеќе

Започна Смоквијада 2018

Традиционално по 12 пат фестивал на деликатесното слатко од смокви во Гевгелија

Повеќе

11-та изложба на графичари од работилницата „Софија“

Две последователни изложби од пред сесијата и главната сесија од меѓународната графичка работилница во Богданци

Повеќе

Во чест на Ристо Калиников „СРВ-Фест“ по шести пат

Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 31 август со почеток во 23 часот во дискотеката Де Факто

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

Шест населени места утре без струја

Кованец, Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода и Ски центарот „Кожуф“ утре без

Повеќе

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе