Топ Новости >

Влашка вечер традиционално по 16 пат во Гевгелија

  • Четврток, Мај 03 2018

{flike}


Здружение на власите на општина Гевгелија „Мегленија“ и годинава по 16 пат ја организира традиционалната културна средба „Влашка вечер“.

Целта на манифестацијата е одржување на заедништво и контакти на влашката заедница, промоција на влашката култура, традиција и обичаи. На истата веќе со години учествуваат стотици претставници со влашка националност од општина Гевгелија, а редовни гости се Здруженијата на власите од други општини, како Штип, Крушево, Скопје.

Луѓето од оваа заедница имаат посебни историски, културни, јазични нитки кои ги поврзуваат низ животот, како и потеклото на семејните корени кои вообичаено припаѓаат на населбите од големата област Мегленија. Тоа е јужно вардарскиот регион и областа во Егејскиот дел на Македонија каде се распослани седум села во кое претежно живее население со влашка етничка припадност. Тоа се селата: Берислав, Ошин, Купа, Љумница, Лугунци, Н'ти, сите денеска на територија на Република Грција и селото Ума на Кожуф планина.

ФОТО: Училиштето во планинското село Ума, сместено на 820 метри надморска височина на Кожуф планина, каде во минатиот век живееле околу 500 жители од влашката заедница

Со Букурешкиот мировен договор после Балканските војни, склучен 10 август 1913 година и припаѓањето на областа од егејскиот дел на Македонија кон Грција (површина од 34.356 км2) овие влашки села добија нови топоними со цел да се асимилира тамошното население кон актуелната политика на земјата на која припаднаа. Но, етничките обележја на нивните наследници остануваат впишани во генот, во потсвеста, во меморијата на своето детство, во мирисот на дедовото огниште, во зборовите на милост искажани од бабата, мајката.

Така некогашното место Берисав доби име Периклиа, Ошин го преименуваа во Архангелос, местото Купа си го задржа истото име Купа, Љумница стана место викано С'кра, Лугунци го доби топонимот Лангадиа, Н'ти стана Ноти и Ума во составот на гевгелиска општина остана нашата Ума.

ФОТО: Заеднички портрет со учениците од Основното училиште во Ума - 1925 година, иселеничкиот фактор од ова планинско село го намалува бројот на учениците

Што да речат жителите на оваа некогаш богата родина Мегленија. Освен дека не ги забораваат своите корени. Тоа што дури Султан Абдул Хамид Втори, од времето на Отоманската империја со Декрет донесен на 23 мај 1906 донел одлука луѓето во рамките на Отоманското кралство да можат да се попишуваат по националност како власи. Такви биле мегленците, гордите власи кои имале посебно призната влашка област, определба и јазик дури и во почетокот од минатиот век.

Затоа, во чест на претците, нивните традиции и обележја денеска со годините станале традиционален ороводен почеток на манифестацијата „Влашка вечер“ - сплет од влашки песни и ора изведуваат уште на почетокот на програмата КУД „Негорци“ од Негорци.

ФОТО: Од фото ризницата на ЗГ „Мегленија“ - Фолклорното друштво Ума со години го сочинувале жителите на село Ума

Настанот ќе се одржи на 5 мај во ресторан „Романса“ во село Прдејци Гевгелиско.

Годинава „Влашка вечер“ во Гевгелија се организира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија преку програмата за оджување на културното наследство и со поддршка на Општина Гевгелија преку Програмата за развој на културата за 2018 година.


Македонско лекарско друштво со признание за Д-р Дојранлиев

Гевгелискиот доктор Педијатар специјалист Ице Дојранлиев, единствен претставник од асоцијата на приватни лекари на Македонија е добитник на признание за особен придонес во пружењето на квалитетни

Повеќе

Еретички писма- нов роман на Стефан Марковски

Младиот гевгелиски поет и прозаист со нов книжевен запис, романот „Еретични писма“ во издание на Издавачкиот центар „Три“ од Скопје

Повеќе

Франкофонијата и пријателството

Изложба на цртежи во галеријата „Амам“

Повеќе

Дизајнерите откриваат каква венчаница одбра идната принцеза

БИДЕО: Венчаницата на Меган во споредба со венчаниците на Дајана и Кејт

Повеќе

Јубилеен концерт на КУД Бранд Петрушев од Богданци

30 години, песна, музика, настапи,меѓународни гостувања  и многу другарувања

Повеќе

Хуманоста на луѓето победи

Малиот Игор од Богданци утре заминува на операција во Турција

Повеќе

Влашка вечер традиционално по 16 пат во Гевгелија

Здружение на власите на општина Гевгелија „Мегленија“ и годинава по 16 пат ја организира традиционалната културна средба „Влашка вечер“

Повеќе

Влатко Стефановски со концерт во Валандово

Валандовската културна пролет со многу гости и настапи се' до Фолк Фест Валандово

Повеќе

Мурал на Гучи во Лондон

Уметничка реклама за лансирање на новата колекција на Гучи

Повеќе

Апел за помош

14 годишниот Игор од Богданци со тумор на мозокот, има потреба од итна операција во Турција за која му се неопходни 19.000 евра

Повеќе


 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

Британската премиерка Тереза Меј денес во Скопје

Предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Меј, како и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација

Повеќе

Градоначалникот на грчката општина Пеонија во посета на Гевгелија

Унапредување на прекуграничната соработка на општина Гевгелија со општина Пеонија преку заеднички европски проект

Повеќе

Трка на келнери во Гевгелија

Група професионални угостителски ентузијасти ја враќаат манифестацијата „Трка на келнери“ во Гевгелија

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.