Гран При за гевгелсиката балерина Виолета Карајанова

  • Петок, Јун 22 2018

 

Младата балерина од Гевгелија Виолета Карајанова, поранешна ученичка во ОМУ „Васо Карајанов“ во Гевгелија, а сега матурантка во ДМУБЦ „Илија Николовски -Луј„ во Скопје, на Меѓународниот натпревар во кореографија „ИКС ДЕНС 2018“ ја освои Гран при наградата.
На овој престижен натпревар, кој се одржа на 17 и 18 јуни во Македонскиот народен театар, учество зедоа балетани од Русија, Италија, Велика Британија, Украина, Словенија, Казахстан и Македонија.
„ИКС ДЕНС„ го слави танцот во сите форми, од класичен балет, современ танц до шоу денс, фолклор и народно - сценски танци.

Меѓународно жири ги оценуваше најдобрите во овие категории, а главната награда Гран при и парична награда од 1.000 долари ја добија гевгеличанката Виолета Карајанова, во дуо со балетанот Ендрју Кук од Велика Британија. Заедно со паричната награда дуото доби и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.

Меѓу лауреатите беа: класичен балет – Шатохина Софија и Гривнина Аљона од Русија, Григоренко Јулиана и Јурченко Марија од Украина, Бојан Димовски од Македонија, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, Скопје, класа на Маја Митровска Богојевска и на Сања Шутевска. Во естраден танц триумфираше Образовниот кореографски ансамбл „Акварели“ од Русија како најдобро дуо, квартет, соло и ансамбл, а меѓу наградените се и Сорокина Марина (Русија), Денс студио МАК (Македонија).

Шареноликоста на балетската конкуренција во која се истакна гевгелиската балетанка само е поттик за натамошното напредување и дообразување.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.