Топ Новости

 

Без тепсии за варење слатко пред публиката и жирито и на нова локација, се новитетите на годинашната 12-та по ред манифестација „Смоквијада 2018“

Нови правила за учество - секој заинтересиран да приготви слатко од зрели смокви во домашни услови и на денот на одржувањето на манифестацијата, 1 септември (сабота) да го достави на оценување кај организаторот, ја укинуваат досегашната слика на запалени ќумбиња и зовриени тепсии со вода на ракометното игралиште во Гевгелија.
Новата локалција на одржување е просторот на стариот градски пазар, во централното градско подрачје на Гевгелија.

Освен дегустацијата на смокви, слатко од смокви од локалните преработувачки капацитети, производи и колачи од ова јужно овошје од угостителските објекти во општината, организаторите подготвуваат и забавна програма на која ќе настапат групата Љубојна и ансамблот „Бојмија“.

Покровител на манифестацијата е Општина Гевгелија. Организатор на настанот е Здружението на граѓани „ТЕРА“ кои за најуспешните, домаќинствата кои подготвиле највкусни слатка, (по боја, густина и арома) обезбеди и награден фонд од 30.000 денари кој се распоредува на следниот начин: 15.000 за првонаградениот, 10.000 за второто место и 5.000 денари за третопласираниот.

Ако имате квалитетен домашен продукт, слатко од зрели смокви, можете да понесете една тегла за учество и сабота на 1 септември да бидете дел од традиционалниот гастрономско-забавен фестивал „Смоквијада 2018“.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пречистителна станица кај Вардар утре ќе биде предадена во употреба

Капиталниот проект вреден 10,6 милиони евра е реализиран со трилатерална

Повеќе

Гевгелија од хотелски станува и транзитен угостителски центар

Гевгелија освен транзитна делница од меѓународниот пат „Пријателство“ стана и

Повеќе

Владата ги намалува тарифите на нотарите и извршителите

Извршителите повеќе нема да можат да наплаќаат енормно високи суми од граѓаните

Повеќе

Ветровита Гевгелија

Веќе 21 час Гевгелија е под ветровит налет со јачина од 50 до 70 километри на

Повеќе

Министерот Димитров денес во Миравци

Министерот за Надворешни работи Никола Димитров денес на граѓанска трибина во

Повеќе

Европската Унија со грантови за 30 општини во државата

Еден милион евра од Европската Унија наменети за развојни планови на 30 општини

Повеќе

Откриени 120 илегални мигранти во гевгелиско и Богданци

Во две одделни акции на МВР спроведени на 22 и 23 септември во реонот на

Повеќе

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.