БОШ 10 Летувалиште - Втор ден

  • Недела, Авг 26 2018

 

 

Саботата, на вториот ден од фестивалската програма на годинашното јубилејно 10-то издание на алтернативниот фестивал БОШ во Гевгелија донесе на сценските простори шест настани.

Работилницата за перформативно цртање „Ако умрам ил загинам“ - 2 ден, изложба на слики од шестмина берлински уметници и деветмина македонски, во рамките на фестивалот СловоКулт::литерАРТура::, изложбата „Абракадабра“ на шведската уметничка Ана Ехртемарк во галеријата „Амам“, филмскипроекции од македонски автори на сцената на Народниот, музичките концертни настапи на бендови и ДЏи од Србија и МАкедонија. Неизоставо во претпладневниот дел од програмата е и „BOSH Reshargeable“ - излетничко дружење на фестивалците на Сифулајка.



 

Уметничкуте изложбени постави беа посетени од гевгелиската публика,а во филмскиот дел беа прикажани филмовите: „Ќе дојдат децата“ од Ана Јакимска, „Долорес“ од Радован Петровиќ, „Долу од рајот“ од Саша Станишиќ и „Амби“ од Марија Апчевска.

Музичкото дружење на отворената сцена пред Народниот театар беше доверено на Iva&the toy Geogre (Србија) - проект на Ива Станковиќ, музичар и продуцент во Рим, инаку родена во Белград. Новиот звук што таа го презентираше пред гевгеличани беше сплет од вокални ефекти, синтисајзери, акустични и дигитални перкусии со егзотични балкански и арапски звуци, некои со дури измислени зборови од Ива заради ефектоста на звукот.
Straight Jackin (Србија), е рапкор група формирана во 1994 година во Санкт Петерсбург, а годинава со концертот во Гевгелија ја слават 25 годишнината од формирање на бендот.
Завршница на музичкиот дел беше резервирано за DJ Denny Trajkov.


 


 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.