Новогодишни концерти, изложби, забави за финиш на 2018

  • Вторник, Дек 25 2018

 

 

Предновогодишните празнувања вообичаено започнуваат со бројни културни програми на неуморните ученици, културни работници, поединци креативци. Така и годинава, на седмица од настапот на новата година, се згуснува најавениот репертоарот на културни претпразнични збиднувања.

Вечерва, со концертен настап на музичкиот оддел на Општинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“, со почеток во 19:30 часот публиката ќе го има задоволството да го проследи последниот за годинава предновогодишен концертен настап на учениците од ова училиште.

Утре вечер свој свечен Новогодишен концерт закажуваат и членовите на ансамблот „Бојмија“ кој ќе се одржи во Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. За едноиполчасовната програма од сплет на ора, песни и игри обезбедете си влез од 100/50 денари. Така најавуваат организаторите од ансамблот „Бојмија“.

Во петокот на 28 декември како дел од годинашнава Програма за култура на општина Гевгелија ќе се одржи првата самостојна изложба на фотографии на Димитар Новаков. Настанот го организира Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“ од Гевгелија во своите простории со почеток во 20:00 часот. Изложбената поставка насловена „Новаков и неговата реалност...“ е составена од фотографски записи кои го одразуваат фотографскиот опус на Новаков.

Освен организираните културни институции, новогодишни забави подготвуваат и приватните катчиња за деца. Најактуелна е игротеката „Твинки Ленд“ која во петокот на 28 декември организира за децата средба со дедо Мраз и Снежана. Настанот е во 18:00 часот, а за посетителите ќе има чоколадна фонтана, фотографски моменти со белобрадиот дедо и снежната убавица.

Приклучете се на некои од настаните согласно вашиот интерес, за да го раздвижите претпразничното расположение. 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.