Убавините на Македонија и нејзините природни пејсажи, со питомите поднебја, живот и култура биле инспирација за ликовно креирање на уметници од светски ранг.
Еден од ретките кои твореле на овие простори е и Хелмут Маке - (Helmuth Macke), германски сликар. Тој бил приврзаник на авантгарден стил на ликовен израз и со група млади и напредни уметници од Минхен ја формираат сликарска група наречена „Синиот Јавач“ (Der Blaue Reiter). Групата „Син Јавач“ имала “термо-нуклеарен“ ефект врз сликарството. Во следните години, публиката и сликарите целосно се свртуваат кон апстрактните ликовни форми и експресионизмот, а тој интерес останува силен и доминантен до ден денес.
Со цел разбивање на овој уметнички авангарден танддем Германскта армија регрутира дел од нив и ги испраќа на воените боипта за време на Првата Светска Војна.
Хелмут Маке (1891 – 1936) е исто така регрутиран и испратен во Македонија близу Дојран и Струмица. Два пати бил ранет во борба и два пати закрепнал. Останал цела војна во околината на Дојран. Цртал акварели и мали масла на панел со македонски пејсажи или војнички сцени. Дури и после војната во 1920-тите години Маке се навраќа кон македонската инспирација. Последното македонско дело кое излезе на пазар од Хелмут Маке ( аукциска куќа Karbstein Peter , објект 278) е маслото на платно „Пејсаж со бели биволи во Македонија“ е нацртано во 1923 година. Во 1936 години, кога Хитлеровите црнокошулаши јавно ги уништуваат апстрактните слики и ги прогонуваат модерните сликари, Хелмут Маке се удавува под мистериозни околности во езерото Констанца, каде што живеел.
Фотографски записи од делата на Хелмут Маке се објавени во „Лексиконот на странски сликари во Македонија помеѓу 1850-1950“. (ФОТО Галерија)
Првото негово насликано дело со инспирација од мотиви забележани во Македонија е „Жени на чешма во Дојран“, изработено во акварел и потекнува од 1916 година.
Хелмут Маке (1891-1936) Жени на чешма во Дојран, акварел 1916
Posted by Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 on Thursday, February 11, 2021
Хелмут Маке (1891-1936), Пејсаж во Македонија крај Дојран со животни, 1917
Posted by Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 on Thursday, February 11, 2021
Хелмут Маке (1891-1936) Македонски пејсаж со бели биволи, Ова е последната негова слика што се појави на аукција во 2018 година во Германија. Насликана е во 1923 според спомените и инспирацијата од Македонија
Posted by Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 on Thursday, February 11, 2021
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/2014-01-09-21-20-12/art/5953-germanskiot-umetnik-micke-inspiriran-od-mk.html#sigProGalleria3c8bfcd6e1
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во