Топ Новости >

Започнува заштита на скопскиот Аквадукт

  • Недела, Фев 25 2018

{flike}


Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за култура Алаѓозовски, градоначалникот на Скопје, Шилегов и градоначалникот на Бутел, Смилевски денеска го посетија на Скопскиот аквадукт, каде деновиве започнаа интензивни активности за уредување на локацијата и заштита и конзервација на овој монументален историски објект...

Премиерот Заев ја објави заедничката акција за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт и создавање на еден пријатен амбиент со повеќе придружни рекреативни и културни содржини. „Како што гледате, просторот околу овој бесценет историски објект, кој во изминатите години беше претворен во дива депонија, оставен запустен без никаква грижа, сега е целосно исчистен. Оттука па натаму, продолжуваме со интензивна акција, која треба оваа локација да ја претвори во атрактивна дестинација за граѓаните на Скопје, на Македонија, но и за регионалните и светските туристи“, рече Заев.

Претседателот на Владата посочи дека во годината посветена на европското културното наследство, нашето внимание е кон грижата за нашите културни и историски богатства. „Го покажавме тоа и со усвојувањето на мерките за заштита на Охрид, со што ја спречивме опасноста за губење на статусот на светско наследство под заштита на УНЕСКО. Го спречивме пропаѓањето на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, ја заштитивме галеријата со престари икони во Музејот на Македонија и многу други зафати. Апелирам до сите институции и граѓани – неопходно е сите заедно да се грижиме и да ги чуваме убавините на Македонија“, порача премиерот Заев.

Министерот за култура на Репиблика Македонија, Роберт Алаѓозовски информираше дека по повеќегодишно институционално запоставување, во 2018 година преку буџетот на за култура се издвоени 1.100.000 денари за изработка на Проект за конзервација и реставрација на Скопскиот аквадукт. „За оваа наша уникатна знаменитост, подготвени сме да вложиме и повеќе за да го спречиме нејзиното пропаѓање и да го заживееме овој прекрасен дел од градот. Први за конзервација се најзагрозените делови на акведуктот, а понатамошната реконструкција ќе се одвива внимателно и стручно во неколку фази. Освен тоа, Министерството ќе ги поддржи програмски и културните содржини кои ќе ги реализираат Градот и општините на чија територија е локалитетот и контактните зони“.



Министерот Алаѓозовски објасни дека последните посериозни инвестиции во геотехничките и геофизички истражувања, сондирањата и анализата на материјалите на Акведуктот се реализирани пред неколку години, претежно со меѓународни донации, додека нашите институции беа прилично пасивни и речиси го игнорираа овој атрактивен локалитет, кој наместо да го оствари својот културен, туристички, рекреативен, еколошки потенцијал, беше претворен во една голема депонија. „Благодарни сме за директната поддршка на Владата за оваа заедничка иницијатива, со која уште еднаш демонстрираме дека заштитата на културното наследство е врвен приоритет за сите институции и на тоа ќе продолжиме да работиме посветено и со заеднички сили“, рече министерот Алаѓозовски.

 


Коста Солев Рацин - 75 години со неговата поезија

Денес се навршуваат 75 години од смртта на поетот, револуционер  и филозоф Коста Солев Рацин

Повеќе

Стратегијата за ментално здравје започнува од ПЗУ Психијатриска Болница Негорци

Државниот секретар на Министерството за здравство д-р Владимир Милошев, денеска ја посети ПЗУ Психијатриска Болница Негорци и најави почеток на Стратегијата за превенција на менталното здравје

Повеќе

Филипче: Ќе има измени во законот за абортус

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека со Министерството за труд и социјала прават рамка за подобрување на правата на жените

Повеќе

Полнети пилешки гради

Нов рецепт за изненадување на домашните со нов изглед и подготовка 

Повеќе

Природен лек против алергија

Со билка која расте слободно во природата, дури и во дворовите

Повеќе

Училница - Sit down comedy

Дејан Малзарков на сцената на Народниот театар во Гевгелија

Повеќе

Македонско лекарско друштво со признание за Д-р Дојранлиев

Гевгелискиот доктор Педијатар специјалист Ице Дојранлиев, единствен претставник од асоцијата на приватни лекари на Македонија е добитник на признание за особен придонес во пружењето на квалитетни

Повеќе

Еретички писма- нов роман на Стефан Марковски

Младиот гевгелиски поет и прозаист со нов книжевен запис, романот „Еретични писма“ во издание на Издавачкиот центар „Три“ од Скопје

Повеќе

Франкофонијата и пријателството

Изложба на цртежи во галеријата „Амам“

Повеќе

Дизајнерите откриваат каква венчаница одбра идната принцеза

БИДЕО: Венчаницата на Меган во споредба со венчаниците на Дајана и Кејт

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

Четири ленти колона на ГП Богородица

Продолжениот празничен викенд ја зголеми фреквенцијата на патници и возила на Граничниот премин „Богородица“

Повеќе

Во недела 17 јуни - прво авио прскање против комарци

Недела 17.06.2018 година, десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе добијат заедники закажан третман против комарци 

Повеќе

Пожарната во Гевгелија со проширен возен парк

Дирекцијата за заштита и спасување на РМ во соработка со Владата на РМ денес на ТППЕ Гевгелија донираше специјално теренско возило за локализирање и гаснење на пожар на отворен простор и едно

Повеќе

Прес на Влада: ДА, за македонската иднина!

Заев: Имаме историско решение со кое го јакнеме идентитетот македонски, да кажеме ДА за македонската иднина!

Повеќе

Од синоќа поевтинија горивата

Во прилог новите цени

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.