Топ Новости >

Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош

  • Сабота, Мар 03 2018

{flike}


Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари

Со овие средства ќе бидат финансирани програми и проекти од областа на културата на 49 културни организации, културноуметнички друштва, музички манифестации, културни натпревари, настапи на хорски состави и поединци. Ова се дел од апликантите кои ги задоволиле условите на конкурс за доделување на финансиска помош-донација објавен од Општина Гевгелија минатата година, а на кој конкурирале вкупно 54 културни здруженија, групи и поединци.

Ќе ги издвоиме Културноуметничкото друштво „Танец“ од Миравци и ансамблот „Бојмија“ со доделена проектна помош од по 150.000 денарин за секое од нив поединечно.
По 100.000 денари општинска буџетска помош ќе добијат Меѓународниот натпревар за млади пијанисти Гевгелија 2018 во соработка со ООМУ „Васо Карајанов“, Детскиот музички фестивал „Распеани дечиња 2018“ што го организира Здружение „Внимание“ од Гевгелија и организаторите на СРВ ФЕСТ-от во чест на Ристо Калеников.

Истиот финансиски износ од по 100.000 денари за реализација на своите програмски активности и меѓународни гостувања на фолклорни фестивали добија и КУД „Негорци“ од Негорци и КУД „Браќа Толеви“ од Прдејци.
Најголема финансиска буџетска партиципација од општина Гевгелија во износ од 300.000 денари добива Здружениеот на граѓани „Тера“ за реализација на манифестацијата „Смоквијада 2018“.
За учество на меѓународни натпревари на хорска музика на градскиот мешан хор „Гортинија“ одобрени му се средства во износ од 150.000 денари.

Во програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата за 2018 се издвојуваат и 26 поединци, уметници, поети, прозаисти кои за изработка, изложба и промоција на своите дела добиваа, одобрени им се средства во поединечен износ од 10.000, 15.000, 20.000, 25.000 до 30.000 денари.

Најголема ставка во годинашнава програма за културни проекти е Одбележувањето на Спасовден и општинскиот празник 7-ми Ноември за што се одвоени 550.000 денари. Активностите на Народниот Театар во Гевгелија кој е под надлежност на Општината и не прерасна во самостојна институција за 2018 година финансиски ќе добијат поткрепа од локалната самоуправа во износ од 450.000 денари. Со 350.000 денари се планира да биде организирано „Гевгелиското културно лето“ манифестација која го раздвижува долгиот топол летен ден во Гевгелија.

Освен културни друштва и поединци забележително е дека во програмата за популаризација на културата во 2018 година се наоѓаат и институции под надлежност на општината кои имаат своја програмска дејност и дотации од Буџетот на РМ кои Општината ги дистрибуира до институциите преку локалниот општински буџет. Такви се програмите на Пионерскиот дом, Домот на културата, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“.

Забележително е отсуството на одвоени средства за детскиот фестивал „Калинка“ и одобрените 30.000 денари за КУД „Распеани Гевгеличани“ за остварување на осум програмски активности во текот на тековната 2018 година. Пеачката група која ги отвара сите 7-мо ноемвриски празнувања, сите смоквијади, сите празнувања на локалниот патрон „Спасовден“, сите „Гевгелиски културни лета“, „Бели ноќи“, изедначен во сумата со единечен труд на еден поет почетник. Ако судиме според критериумите на конкурсот за доделување на средства за програми и активности од областа на културата тогаш, неспоредлива е улогата на Распеаните Гевгеличани во чувањето, афирмацијата на материјалното, музичкото и духовно културно наследство од овие јужновардарски простори во Гевгелија и гевгелиско.

За споредба, и минатата 2017 година биле одобрени четири мииони денари за 46 културни проекти, а годинава бројката на културни проекти е зголемена на 49 настани, манифестации, промоции и фестивали во организација и изведба на локални културни друштва и поединци.

 


Коста Солев Рацин - 75 години со неговата поезија

Денес се навршуваат 75 години од смртта на поетот, револуционер  и филозоф Коста Солев Рацин

Повеќе

Стратегијата за ментално здравје започнува од ПЗУ Психијатриска Болница Негорци

Државниот секретар на Министерството за здравство д-р Владимир Милошев, денеска ја посети ПЗУ Психијатриска Болница Негорци и најави почеток на Стратегијата за превенција на менталното здравје

Повеќе

Филипче: Ќе има измени во законот за абортус

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека со Министерството за труд и социјала прават рамка за подобрување на правата на жените

Повеќе

Полнети пилешки гради

Нов рецепт за изненадување на домашните со нов изглед и подготовка 

Повеќе

Природен лек против алергија

Со билка која расте слободно во природата, дури и во дворовите

Повеќе

Училница - Sit down comedy

Дејан Малзарков на сцената на Народниот театар во Гевгелија

Повеќе

Македонско лекарско друштво со признание за Д-р Дојранлиев

Гевгелискиот доктор Педијатар специјалист Ице Дојранлиев, единствен претставник од асоцијата на приватни лекари на Македонија е добитник на признание за особен придонес во пружењето на квалитетни

Повеќе

Еретички писма- нов роман на Стефан Марковски

Младиот гевгелиски поет и прозаист со нов книжевен запис, романот „Еретични писма“ во издание на Издавачкиот центар „Три“ од Скопје

Повеќе

Франкофонијата и пријателството

Изложба на цртежи во галеријата „Амам“

Повеќе

Дизајнерите откриваат каква венчаница одбра идната принцеза

БИДЕО: Венчаницата на Меган во споредба со венчаниците на Дајана и Кејт

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

Четири ленти колона на ГП Богородица

Продолжениот празничен викенд ја зголеми фреквенцијата на патници и возила на Граничниот премин „Богородица“

Повеќе

Во недела 17 јуни - прво авио прскање против комарци

Недела 17.06.2018 година, десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе добијат заедники закажан третман против комарци 

Повеќе

Пожарната во Гевгелија со проширен возен парк

Дирекцијата за заштита и спасување на РМ во соработка со Владата на РМ денес на ТППЕ Гевгелија донираше специјално теренско возило за локализирање и гаснење на пожар на отворен простор и едно

Повеќе

Прес на Влада: ДА, за македонската иднина!

Заев: Имаме историско решение со кое го јакнеме идентитетот македонски, да кажеме ДА за македонската иднина!

Повеќе

Од синоќа поевтинија горивата

Во прилог новите цени

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.