Топ Новости >

Јубилеен концерт на КУД Бранд Петрушев од Богданци

  • Петок, Мај 04 2018

{flike}


30 години, песна, музика, настапи, меѓународни гостувања и многу другарувања со членовите на Културно-уметничкото друштво „Бранд Петрушев“ од Богданци, деновиве споделен со домашната публика на сцената на Општинското основно училиште „Петар Мусев“.
Тридеценискиот јубилеј беше збогатен со гостувања на КУД „Извор" - Стари Бановци, Стара Пазова, и на уште две друштва од Република Српска БиХ: КУД „Писковица" - од с.Писковица, Бања Лука, и Фолклорниот состав „Бистрица - Верича".

- „Не дека се беше розево во овие 30 години. Имаше и подеми и падови, но секогаш успевавме со крената глава да продолжиме понатаму, а така ќе биде и во иднина. Напред и само напред во изучување на она што ни го нуди фолклорот.  Благодарност до Локалната самоуправа Министерство за култура на Р. Македонија и сите пријатели, помагатели спонзори без кои не би успеале. Најголема благодарност до многубројната, верна публика која секогаш е присутна на нашите настапи и е императив повеќе“, велат членовите на јубилејниот славеник.

Во духот на традицијата и децениски негуваниот фолклор на овие простори ве потсетуваме со едно оро од репертоарот на „Бранд Петрушев“ изведен од актуелните членови на друштвото, на јубулејниот концерт посветен на 30 годишниот растеж на ова друштво.

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Гевгелија одбележан Националниот ден на власите

Членовите на Здружението на власите од општина Гевгелија „Мегленија“, денеска го одбележаа 23 Мај Националниот ден на власите

Повеќе

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.