Топ Новости

Филипче: Ќе има измени во законот за абортус

  • Четврток, Јун 07 2018

Се кројат законски измени во законот за абортус. Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека со Министерството за труд и социјала прават рамка за подобрување на правата на жените.

- „До 12-та недела од бременоста мајката ќе може да абортира и тоа само во договор и разговор со еден свој сопствен матичен гинеколог. Од 12-та до 22-та недела се абортира откако ќе се состане комисија која што ја сочинуваат гинеколози и акушер. Има и одредени индикации од социјален аспект, од кривичен аспект и од медицински апсект гледано. Тоа што е новина, а го немаше во досегашниот закон е што „Вољата на жената ја ставаме на преден план“.

Третата новина во Законот за абортуси што се подготвува како измана, што ја најави министерот Филипче, е што после 22 недела се состанува комисија која вклучува експерти од други области, а тоа се неврохирургија, кардиологија и кардиохирургија, со цел да се процени дали малформацијата која е утврдено дека ја има плодот може и со каков успех може да се третира после раѓањето.

Министерот за здравство таквите измени ги најави уште во март годинава со цел креирање политики за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.