Топ Новости

Нова лабораторија на „Ројал Медика“ отворена во Гевгелија

  • Петок, Јун 29 2018

 

Десет годишниот професионален растеж на поликлиника „РОЈАЛ МЕДИКА“ од Богданци продолжува со отварањето на нова лабораторија за биохемиска анализа во Гевгелија.

На задоволство на се' поголемиот број пациенти од Гевгелија кои ги користат нивните услуги, од овој месец тие се отворени за сите видови биохемиски анализи потребни за правилна дијагностика и определување на најсоодветниот здравствен третман и терепија на истите. Лоцирани се на улица „Слободан Митров Данко“ бр. 64 а/2 во близина на Општа Болница Гевгелија и отворени за услуга од 8 до 15 часот секој ден од понеделник до петок. Работат со Фондот за здравство со „ЛУ-1“.

Лабораторијата во Гевгелија е дел од системот на „Ројал Медика“ кој функционира преку мултидисциплинарен пристап поврзан со останатите свои сектори кои опстојуваат во рамките на поликлиниката, а тоа се: општа амбуланта, биохемиска лабораторија, специјалистичка ординација по радиодијагностика и хируршка амбуланта.

Правилната и стручна дијагноза која се базира на точни и научно прецизни лабораториски наоди се императив во работата на „Ројал Медика“ на кое се темели и работењето на новоотворената лабораторија.

Освен својот стручен и специјализиран персонал од повеќе области на медицината, поликлиниката соработува и со други болници, клиники, здравствени установи во државата и странство со кои може да договори прегледи, консултации, дијагностика или лекувања на повисок ранг, без долги чекања и процедури, туку со посредство на воспоставениот стручен проток на комуникација со тимот од „Ројал Медика“.

- „Соработуваме со повеќе болници, повисоки стручни установи, имаме голем број надворешни стручни соработници за брзо и ефикасно дијагностицирање на болеста на пациентот. За нас не постои поголемо задоволство од чувството дека некому сме му помогнале, а уште поголемо задоволство е тоа што сме го сториле на високостручен и целосно професионален начин, медицина заснована на докази во која нема место за импровизација“, велат од тимот на „Ројал Медика“.

Следејќи ја врвната медицинска практика “Ројал Медика“ нуди и консултантски здравствени услуги од страна на реномирани кадри од други клиники од областа на кардиологијата, пулмо-алергологијата, ендокринологијата, ортопедијата, нуклеарната медицина, урологијата, алтернативната медицина (акупунктура) и други медицински гранки. Затоа упатуваат да ги посетите и да се уверите во професионалноста и посветеноста кон пациентите во нивното работење.

- „Нашата контунуирана медицинска едукација и работењето по теркот на светската медицина се столбот на нашата поликлиника по што се трудима да не' препознаваат во околината на Богданци, каде започнавме со работа, а сега и овде во Гевгелија, каде со новата лабораторија стануваме поблиску до пациентте, а се надеваме и пошироко во регионот“ - оптимистички и деловно самоуверени во својот квалитет на работата изјавуваат од поликлиника „Ројал Медика“.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

22 септември - Меѓународен ден без автомобили

Со велосипедско дефиле Гевгелија денеска ќе го одбележи 22 Септември -

Повеќе

Сабота 8 часови без струја Гевгелија и Богданци

Нов осумчасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради неопходни

Повеќе

Средба на Премиерот Заев со Потпретседателот на САД, Мајк Пенс

Македонскиот Премиер Зран Заев денеска оствари средба со Потпретседателот на

Повеќе

Соопштение од Општинска изборна комисија Гевгелија

Промена на гласачките места во Гевгелија, Миравци, Негорци и Габрово

Повеќе

ЕВН најавува 8 часовен прекин на струја во Гевгелија

Утре петок 21 септември во терминот од 7:30 до 15:30 часот дистрибутерот на

Повеќе

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме

Став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на референдумското изјаснување на

Повеќе

Низ ГП „Богородица“ летово поминале 1,5 милион туристи

Половина милион македонски туристи претставуваат 1/3 од вкупниот летен патнички

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.