Дојрански ракувања - културна манифестација со 42 годишна традиција

  • Вторник, Јул 31 2018

 

Општина Дојран како организатор на традиционалната културна манифестација кога датира од 1976 година и годинава се погрижи за богата културна програма која вообичаено се одвива во текот на туристичката сезона, наменета за бројните посетители и жители на Дојран.

На летната сцена кај јаворите манифестацијата започна на 17 јули, вообичаено со настап на домаќинската пеачка група „Распеани дојранчани“, а истата програмски ќе биде пополнета со музичко-сценски и актерски настапи, на локации крај дојранското крајбрежје, се' до 25 август.

Мотото на манифестацијата е „Светлините на Полин“ заради отворената летна сцена дојлж крајбрежјето, и отсјајот на оваа културна разноликост што ја пополнуваат и гостински ансамбли и изведувачи во рамките на манифестацијата.

Меѓу изведувачите се членови на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица и театарот „Крик“ од Скопје. Годинава, како и минатата, продолжува традицијата на филмски проекции во рамките на „Дојранските ракувања“, со гостувања на „Македокс“, интернационален фестивал на документарни филмови, како и проекција на филмот „Духот на татко ми“.

Покрај многуте ансамбли од локалната средина и соседните општини, манифестацијата остава простор и за гостување на драмски ансамбили, како што се Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица и театарот „Крик“ од Скопје. Од самостојните изведувачи на дојранската сцена се појавија и на Александар Тарабунов и Елена Велевска. Концертните настапи беа резервирани за триото на Пламенка Трајковска, КУД „Илинден“ од Струмица и „Ацо Караманов“ од Радовиш. 

За време на августовкиот празничен викенд доколку сте на летување, или викендување во Дојран посетете ги следните најавени настани од „Дојранските ракувања 2018“.

На 1 август на плоштадот под јаворите ќе одржат концерт АКАДЕМЦИ заедно со Добрила Чабриќ, додека пак за Илинден, на 2 август, настапува Јордан Митев, и тоа, од 12 часот. Во петокот и саботата, на 3 и 4 август, во рамките на „Дојранските ракувања“ гостува Театарот КОЛОЗОВИ со претставата „Итриот и заводливиот“, и со саботна хумористична вечер ХИХИРИКУ.

На 10, 11 и 12 август во Дојран започнува „Фестивалот на рибата и виното“ со репрезентативна музичка програма. Фестивалот стартува во петокот, на 10 август, со концерт на ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ, со почеток во 21 часот, по што следува и концерт на ТУМБАО САЛСА. На 11 август, настапуваат ЉУБОЈНА и ШАЈН, додека последниот ден од фестивалот – во недела, на 12 август, настапуваат ЏУБОКС БЕНД и ТАЈЗИ.

Третата недела од август, петокот и саботата 17 и 18 се резервирани за Стенд Ап комедии со Марјан Ѓоргиевски и Бојан Велевски. Во неделата напладне ќе уживаат најмладите со детска „Зумба забава на плажа“.
Последните денови од манифестацијата 24 и 25 август ќе бидат исполнети со концерт „Sweet dance“ - студо за модерен балет и уште една детска „Зумба забава на плажа“.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.