Генетски модифицирана храна пронајдена во Македонија

  • Четврток, Авг 09 2018

Агенцијата за храна и ветеринарство повлече од продажба ориз, чие семе било увезено и соини штицли бидејќи во нив е констатирано присуство на Генетски модифицирани организми (ГМО). Станува збор за кочански ориз чие семе било увезено, а другиот производ се соини шницли на производителот „Виталија“ кои се увезени од Србија. Ова денеска го објави директорот на АХВ Зоран Атанасов на прес конференција за медиумите.

Тој изјави дека производите се под официјален надзор и се чека нивно уништување. На увозниците кои ги пуштиле во продажба овие производи со недозволиви ГМО состојки им е изречена казна од 5.000 евра, а одговорност и казна од 1.700 евра е изречена и за одговорните лица на фирмите увозници, за секого поединечно.

Во тек е супер анализа на соините шницли на „Виталија“ што ја побара самиот оператор, кој по закон може да побара и втора супер анализа.
Во секој случај граѓаните се заштитени со повлекувањето од продажба на таквата храна со ГМО состојќи, бидејќи потрошувачите не можат да ја препознаат на рафтовите од маркетите, освен ако на истата не стои декларација за нејзиниот органски состав.

Според нашето законодавство производството на ГМО храна е забрането, посочи директорот Атанасов.

- „Во светот се консумира и се произведува таква храна. Науката треба да го каже последниот збор колку е тоа штетно. Од нашиот Закон за безбедност на храна беа избришани два члена кои порано дозволуваа производство на ГМО храна, но тоа беше регулирано како да се стави во промет. Сега се избришани и ставени во мирување до влегувањето на Макдонија во ЕУ“, појасни директорот на АХВ.

Повеќе од видеото превземено од А1.он.

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.