Топ Новости

 

 

Сезоната на оревите е во полн ек. Ако имате насадено дрво во дворот, ветерот сигурно соборил многу плодови на земја. Па, не мора да штедите. Почестете се со една богата торта „ореовка“, Ако немате домашни ореви, а ве бендиса рецептот, тука е пазарот и богато снабдените пиљари, па набавете доволно за следниот десерт.

Потребни состојки:
10 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици вода
19 лажици гриз
200 гр мелени ореви
10 лажици брашно
1 ванила
1 пециво

За подготовка на шербетот ќе ви треба:
1 кг шеќер
1 литар вода


Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот. Се матат подолго, убаво да се наполни ванглето во кое матите, се додека вртежите од миксерот не создадат брановидни движења на убаво измиксаната смеса.
Додавајте вода лажица по лажица и продолжите да матите.
Исклучете миксерот и во изматената смеса шеќер, јајца и вода додавате пополека од гризот и брашното. Не мешате со миксер, туку со лажица, или шпакла. Овде ги додавате паковките ванила и пециво.
На крај се додаваат ситно измелените ореви, се промешува целата смеса со шпатула за да се изедначат состојките.
Прелејте ја смесава во претходно намрсен плех, или повисока тепсија очекувајќи да нарасне тестото. Печете во вжештена рерна на 200 степени, не подолго од 30 минути.

Шербетот варете го на стандарден начин, шеќерот и водата во тенџерче да провријат. По вкус додајте и парчиња лимон.
Исецкајте ја тортата на еднакви парчиња коцки и попарете ја сошербетот. Едното треба да биде топло (шербетот), едното ладно (печеното тесто со ореви).

Оставете време да се впие и олади шербетот. Потоа сервирајте со кафе, или нека ви биде повод за попладневна дружба со познаници кои ќе ги повикате на новото благо од вашата кујна. Наздравје нека ви е.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.