Промоција на „Антички монети“ од Бобан Хусеновски

  • Петок, Окт 12 2018

 

 

Вредносните апоени од античко време пронајдени на локалитетот Вардарски рид уште еднаш се предизвик за книжевен писмен траг на археологот Бобан Хусеновски, долгогодишен истражувач на овој локалитет и тајните кои ги крие во себе.

После 14 години, по издавањето на првата монографија во 2004 годна Хусеновски повторно се навраќа на монетите од античко време најдени на јужната тераса од Вардарски рид, локација позната како старо-македонскиот град Гортинија.

Вториот том на „Антички монети“ на авторот Хусеновски излегоа од печат деновиве, а по повод 11-ти Октомври беа промовирани во Гевгелија, местото од каде потекнуваат археолошките трагови кои се предмет на нумизматската евиденција во монографијата. Во делото се прикажани записите за 549 нови монети пронајдени во периодот на истражувањата на овие простори по објавата на првата монографија со истата тематика и предмет на интерес, а тоа се монетите кои се приказ на една развиена пазарна економија во вековите од пред два милениума наназад.

Археологијата како упорна, темелна, прецизна и егзактна наука бара и многу време на посветеност, поради што авторот Хусеновски, денеска актуелен директор на Националната установа „Музеј“ Гевгелија, претставувајќи го своето последно книжевно дело се заблагодари на соработката со колегите, рецензентите, промоторите и студентите истражувачи на локалитетот Вардарски рид.

Во таа прилика тој поименично изрази благодарност за несебичната помош во создавањето на ова обемно и значајно дело за културното наследство на рецензентите професор Нада Проева од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје и професор д-р Мара Баначиќ -Мандиниќ од Хрватска, на промоторот и стручен соработник Перо Јосифовски, на неговите колеги Драган Митревски и Емил Сламков, на студентите по археологија и на Министерството за култура на Република Македонија.

- „Вардарски рид, со оваа книга е единствен локалитет во Македонија чија нумизматичка збирка е целосно објавена. оваа монографија е материјал за дополнително научно истражување“, истакна на промоцијата рецензентот, д-р Нада Проева.
Стручниот соработник, Перо Јосифовски потенцираше дека станува збор за драгоцено нумизматичко дело посветено на наодите на локалитетот Вардарски рид, преку кое се потполнува историјата на овој локалитет.
- „Преку монетите претставени во монографијата може да го согледаме интензитетот на живеење на еден град, а пред се неговата економија“, истакна Јосифовски.

Монографијата останува трајно културно сведоштво за пазарниот и вредносниот промет на овие простори, низ вековите наназад. Ова е уште едно книжевно сведоштво дека Гевгелија и низ вековите наназад била атрактивен простор кој урбано живеел и економски функционирал во однос на набавка на продукти и стоки неопходни за тогашниот живот.

Промоцијата на вториот том на „Антички монети“ се одржа во присуство на бројни заинтересирани граѓани, претставници на локалната самоуправа, колеги од Народниот музеј во Гевгелија и истакнати културни работници, во амбиенот на Народниот театар во Гевгелија, како дел од одбележувањето на 77 годишнината од Денот на македонското востание, кога слободата се вреднува со дела и историски сведоштва за времињата на нашиве простори. 




ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.