Топ Новости

Со срце за Цаци: Да донираме сите за да го победи ракот!

  • Недела, Ное 25 2018

 

 

28-годишната Цаци минатата есен почувствувала неочекувани симптоми на тешкотија во десната страна на телото, но мислела дека тоа е само знак за премореност поради нејзината активност во многу општествени полиња.
За жал, тоа биле симптоми за нешто многу сериозно. По преживувањето на епилептичен напад, таа беше дијагностицирана со Глиобластома, малиген тумор на левата страна од мозокот. Веднаш беше направена операција во приватна клиника „Систина“, проследена со радио терапија и девет циклуси на хемотерапија. Првично резултатите наговестувале позитивен исход.  Но, на последните резултати од магнетната се покажало дека туморот се вратил и брзо прогресирач, пораст од четири пати за еден месец. Поради новонастанатата состојба морало итно да се оперира, по втор пат.

Бидејќи ова е еден од поагресивните верзии на канцер, потребна е терапија во специјализирана болница во САД, „The University of Texas MD Anderson Cancer Center“. Во моментов сè уште се чекаат резултати од ткивото, а докторите не можат со сигурност да кажат каков вид на терапија ќе биде потребна. Но едно е сигурно, дека медицинските трошоци за било каков третман во болницата во Хјустон, САД се очекуваат да достигнат до 200.000 УСД.

Нејзините пријатели бараат помош за Цаци. Сите оние кои сакаат да донираат, тоа можат да го направат на овој ЛИНК или на бројот за донации на Вип 143 483 и Телеком 143 107.

- „Дури и најмалиот придонес ќе биде голем чекор за спасување на овој неуморен алтруист“ – порачуваат нејзините пријатели.

 

Отворени се сметки во Стопанска Банка на име Славица Тодоровска: 200-0033816088-51 за трансакции во МКД, за уплати од странство ставени се на располагање две девизни сметки: IBAN: MK07200003381613507 USD MK07200003381611470 EUR SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X.

Тимот на Цаци и Цаци Ви благодарат од сè срце!

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.