Комедијата „Мани,мани, мани“ со Кумановскиот театар гостува во Гевгелија

  • Вторник, Дек 18 2018

 

 

Најдобрата претстава од „Деновите на комедијата“ 2018 со актерскиот тим на кумановскиот театар во четврток гостува во Гевгелија.
Кумановскиот театар во Гевгелија ќе се претстави со претставата „Мани, мани, мани“ работена според текстот „Кралот на фарсата“
од Реј Куни. Во претставата играат: Mарко Трајковиќ, Сања Русеска, Владо Дојчиновски, Нина Максимова, Дубравка Киселички, Јасмина Василева и Мирослав Петковиќ. Режијата е на Бојана Краљевска и Горан Илиќ .

Режисерот Илиќ вели дека е многу полесно да се игра во претставата, отколку да се режира, а особено потешко е да се биде режисер на колегите од својот театар.
– „Задоволен сум во глобала од тоа што го сработевме со моите колеги и тешко е да режираш на свои колеги, мислам подруго е да режирам на некој друг простор и актери со кои не сум играл и со кои не се знам, со кои немам никакви релации, облигации и односи, сигурно би бил поискрен, а вака морам постојано да правам компромиси за општо добро. Мислам дека публиката ќе ужива во оваа претстава и дека ќе трае долго“, рече Илиќ.

Претставата е приказ за нас, овде и сега, со обид да ја жигоса алчноста за пари како универзален феномен, со возбудливи и смешни заплети и ги изложува на смеа, или подобро кажано потсмев, и другите општествени појави, обичните човечки слабости, лошите карактеристики и др.

Посегнувајќи по сленгот, локалната географија и различните наши дијалекти, уште повеќе ја засилува комиката и ја прави претставата „наша“ и „тукашна“ што е проверен рецепт за урнебесна забава и за публиката и за актерите.

Четврток, 20 декември 2018 година, во Народниот театар во Гевгелија, гостува НУКЦ „Трајко Прокопиев“ - Театар од Куманово.

Влезот е 100 денари, а картите се пуштени во предпродажба во просториите на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и

Повеќе

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на

Повеќе

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.