Жан Митрев Клиник со своја подружница во Гевгелија

  • Четврток, Дек 20 2018

 

 

Познатиот кардиолог и академик Жан Митрев, оснивач на истоимената клиника „Жан Митрев“ позната со своите врвни и бројни кардиолошки зафати за потребите на граѓаните од републиката и регионот, најави интерес за отварање на подружница на кардио клиниката во Гевгелија.

За таа цел, вчера во општина Гевгелија тој оствари средба со градоначалникот на општината Сашо Поцков и тимот надлежни соработници на локаната самоуправа. Средбата имаше за цел да се детектираат условите и можностите за отворање на подружница на „Жан Митрев Клиник“ во Гевгелија.
Притоа, од страна на д-р Жан Митрев беше изнесена заинтересираноста на ова специјализирана клиника за отворање на дијагностичка амбуланта во Гевгелија, како и за локациските и инфраструктурните услови за реализација на ваквата иницијатива. Истовремено, на средбата стана збор и за законската регулатива околу реализацијата на еден ваков проект.

Локалната самоуправа претставена од градоначалникот Сашо Поцков пројави подготвеност за соработка околу реализацијата на оваа иницијатива од страна на веќе врвно етаблираниот и светски познатиот кардиолог Митрев. Поцков ја поздрави иницијативата и изразена подготвеност на Општината со своите сектори и урбани услови за поддршка на реализацијата на еден ваков значаен проект. Истиот би требало да донесе и здравствени погодности на жителите од општината и поширокиот регион, а ќе има и свој придонес во подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги во општината, дијагностика, превенција и стручен третман на кардиоваскуларните заболувања кај популацијата.

Од локационен аспект на општина Гевгелија, проектот „Жан Митрев Клиник“ со подружницата во Гевгелија и дијагностички центар би создал услови за развој на медицинскиот туризам во пограничниот регион каков што е Гевгелија. Оттука и прифатената обврска од страна на општината, покрај обезбедувањето на локациски услови или простор, да бидат утврдени, во соработка со постојните здравствени установи, потребите на граѓаните на општина Гевгелија од соодветна здравствена услуга.

Секако, незаобиколен е фактот и за потребите на потенцијално можните пациенти од соседството имајќи предвид дека во Гевгелија секојдневни гости се граѓаните од соседна Грција, кои се заинтересирани како за казино турисмот, шопингот низ гевгелиските пазари и неспорниот факт за енормен интерес кон денталниот туризам. Новиот дијагностички кардио центар како подружница на „Жан Митрев Клиник“ може да донесе значаен број на пациенти и престојувачи од странство како корисници на здравствените услуги на овој специјализиран вид на здравствена услуга и за странската популација.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.