Топ Новости

Организирана акција на можни донори за Маја Рековиќ

Четврток, 07 Февруари 2019

По објавата за потребата од дарување крв за испитување можни донори за младата Маја Раковиќ која боледува од леукемија, се пројави интерес за организирана акција на гевгелиски доброволци

 

 

По објавата за потребата од дарување крв за испитување можни донори за младата Маја Раковиќ која боледува од леукемија, се пројави интерес за организирана акција на гевгелиски доброволци.

Дарувањето крв за испитувањеможен компатибилен донор за Маја се изведува во Институтот за имунобиологија и хумана генетика кој е во состав на Државна Болница во Скопје, во комплексот клиники.

Бројни хумани луѓе од Гевгелија прашуваа како може да помогнат. Се дојде до идеја за организиран превоз до Институтот во Скопје. Овде единствено со донираната крв може да се испитаат карактеристиките на имателот на крвта дали одговоара да биде доброволен донор за спас на Маја. Се работи за испитување на компатибилни параметри од крвта потребни за донирање коскена срж која е клучна за третирање на болеста на Маја.

Во петок 08.02.2019 години во 07:30 часот од пред маркетот „Солун 53“ организиран е директен превоз на доброволни хумани луѓе. Можност за превоз има само за 18 лица. Првопријавените се веќе познати и известени за учеството во хуманитарната акција. Превозот е во организација на „ХИНА продуктс“.

Засега нема можност за организирање акција во Гевгелија, зошто тимот на Имунобиологија е пребукиран од работа, а првите резултати од испитаните примероци од досегашните донори во изминатите три дена се очекува да бидат готови за три недели. Секој ден е важен за животот на Маја. Таа им благодари на сите несебични хумани луѓе кои се одзваа на нејзиниот повик за помош.

 

Last modified on Четврток, 07 Февруари 2019 - 02:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.