Грипот под контрола во Гевгелија, два смртни случаи во Македонија

  • Петок, Фев 08 2019

 

 

Петата недела од сезоната на грип во државата се евидентирани 1.252 пациенти заболени од грип. Од нив во Гевгелиската Болница евидентирани се и се лечат 28 пациенти.
Иако ова не е загрижувачка бројка на заболени, симптоматично е што 21 од нив се евидентирани како заболени од грип во текот на месец јануари, а седуммина се водат како болни од декември минатата година.

Во подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, која е подружница на ЦЈЗ од Велес се' уште трае инунизацијата од грип по пат на вакцини кои се достапни за пацинтите.

Од возрасната слика на сега заболените се гледа дека на удар на вирусот се училишната и работно активната возраст од 15 до 64 години, кои ги има евидентирано 20 на број пациенти. Четворица заболени се на возраст од 5-14 години, тројца се постари од 64 години, а само едно е бебе со наполнети 4 месеци. Тоа укажува дека вирусот ги напаѓа сите возрасти и треба да се превземат мерки на претпазливост, да се пие витамин Ц за имунитет, да се мијат раце после контакт со болни лица, да се избегнува престој во затворени простории каде има присуство на повеќе луѓе.


Од Институтот за јавно здравје денеска соопштија дека грипот во државата однесе два живота- една девојка и едно пет годишно девојче, а остануваат еидентирани 1.252 заболени од сезонскиот грип.
Се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се наведува во извештајот од ИЈЗ од Скопје.
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 4.125. Споредено со истиот период од минатата сезона кога беа регистрирани 5.479 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 24,7 отсто, велат од ИЈЗ.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.